Македонското друштво “Илинден“-Тирана од името на сите Македонци во Република Албанија, упати честитка до Поглаварот на МПЦ-ОА, неговото блаженство архипископ Охридски и Македонски г.г. Стефан и до сите православни верници по повод големиот Христијански празник Водици. Богојавление е настан што просветлува и не поучува на прочистувањето кога постои вистинската верба,се наведува во честитката и се посочува дека радувајќи се на ...
Read More »Македонци – Албанија
Македонска алијанса за европска интеграција против отворање на прифатни центри за мигранти на територијата на општина Пустец (ВИДЕО)
Македонската заедница од Општина Пустец, преку партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) ја изразуваат длабоката загриженост и силното противење во врска со одлуката на албанската Влада за отворање три прифатни центри за мигранти на територијата на оваа општина, поточно во административната единица Зрноско и на спортските игралишта во Пустец и во селото Долна Горица. Оваа одлука произлегува од нормативниот ...
Read More »Претседателот на македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, му ја врачи Благодарницата “Илинден“ на институцијата Народен правобранител
Претседателот на македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, му ја врачи Благодарницата “Илинден“ на институцијата Народен правобранител на Република Албанија. Благодарницата “Илинден“ за 2025 година ѝ беше доделена на институцијата Народен правобранител на Република Албанија за заложбите и поддршката што ги дава за Македонците во Република Албанија, како и за поддршката на македонското друштво “Илинден“-Тирана. Огромна чест ми беше, во име ...
Read More »Македонците во Албанија ја одбележаа Стара нова година и Св.Василиј – Василица
Фото: Васил Стерјовски Македонците во Република Албанија го прославија Стара нова година и Св.Василиј – Василица, со кој се означува почетокот на Новата година, според јулијанскиот календар. По традиција празникот се одбележа во духот на македонските обичаи и традиција. Во секое македонско семејство ширум Албанија, во областа Голо Брдо, Мала Преспа, Врбник, Тирана, Елбасан, Драч, Корча, Подградец домаќинките подготуваат пита ...
Read More »МАЕИ и Патриотското друштво од Скопје со хуманитарна акција по повод Василица – поделени пакетчиња за децата во Корча и Пустец
Фото: Македонска алијанса за европска интеграција Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), во соработка со Патриотското друштво од Скопје, Македонија по повод Старата Нова година – Василица, реализираше хуманитарна акција со доделување новогодишни пакетчиња за децата од македонско потекло во Корча и во Општина Пустец. Во Пустец, пакетчињата беа поделени во Основното и средното училиште „Митре Колефски и Трајан Ѓорѓиефски“. ...
Read More »Честитка по повод Стара нова година – Василица од Македонското друштво “Илинден“-Тирана
Македонско друштво “Илинден”-Тирана ви честита Стара нова година 2025 и Свети Василиј – Василица со желба за многу лични успеси и бериќетна година! – стои во честитката потпишана од претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана Никола Ѓурѓај.
Read More »Во Голо Брдо снег и до 50 сантиметри, без струја над 18 часа
Областа Голо Брдо, населена главно со Македонци, по обилните дождови, од синоќа ја зафатија снежни врнежи, од кога има прекин и во снабдувањето со електрична енергија. Снегот не е исчистен од патиштата а дополнително проблем е и мразот. Без електрична енергија сме повеќе од 18 часа. Што да речам, заборавени сме од властите со децении, па веќе сме навикнати, рече ...
Read More »Излезе од печат првата разгледница „Поздрав од Гора“ за првпат изработена во Албанија и посветена на областа Гора (ФОТО)
Излезе од печат првата разгледница „Поздрав од Гора“ за првпат изработена во Република Албанија и посветена на областа Гора, содржи 8 фотографии за овој крај значаен придонес во зачувувањето и промоцијата на македонското културно наследство, која е авторско дело на Никола Ѓурѓај, инаку претседател на македонското друштво “Илинден“-Тирана и уредник на Македонски весник “Илинден”. Ова издание е отпечатено со финансиска ...
Read More »Отворена во Корча фотографската изложба „Пустец, природа, наследство, живот“
Во Галеријата на уметностите „Гури Мади“ во Корча, беше отворена фотографската изложба „Пустец, природа, наследство, живот“, визуелно патување низ Преспа и македонската заедница во Пустец, преку објективот на уметникот Роланд Беќирај. Изложбата ѝ нуди на публиката автентични портрети, впечатливи пејзажи и посебни детали од традицијата и културата, кои го отсликуваат духот, секојдневниот живот и идентитетот на македонската заедница во Пустец. ...
Read More »Македонско друштво “Илинден“-Тирана апелира на претпазливост поради влошување на временските услови
Македонското друштво “Илинден“-Тирана ја информира јавноста дека земјата се соочува со влошување на временските услови, придружени со интензивни врнежи од дожд и снег, силни ветрови, како и ризик од поплави и лизгање на земјиштето. Во оваа ситуација, Македонското друштво “Илинден“-Тирана ги повикува граѓаните да покажат максимална претпазливост и да преземат потребни мерки за да избегнат ризици: избегнување на непотребни движења, ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden