Македонско друштво “Илинден“-Тирана ја поздравува одлуката на Генералното Собрание на Европската слободна алијанса (ЕФА) за прием на Македонска алијанса за европска интеграција, како полноправен член исклучително важна за Македонска алијанса за европска интеграција и за Македонците во Република Албанија. Тоа што делегатите на Конгресот оваа одлука ја донеле едногласно, дава уште поголема тежина на фактот дека Македонска алијанса за европска ...
Read More »Македонци – Албанија
Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ стана полноправна членка на Европската слободна алијанса ЕФА
Лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, Васил Стерјовски, имаше обраќање на Генералното собрание на Европската слободна алијанса, ЕФА, во Брисел, каде од денеска партијата на Македонците во Албанија, едногласно беше примена за полноправна членка. Тој направи пресек на историјатот на партијата формирана на 8 јуни 2005 година, која, според албанскиот закон за политички партии, е единствен претставник на ...
Read More »Македонско друштво “Илинден”-Тирана ви посакува среќен 7- 8 ми Март
Македонско друштво “Илинден”-Тирана ви посакува среќен 7 март, Денот на учителот и 8 ми март, Меѓународен ден на жената. – стои во честитката на Македонско друштво “Илинден”-Тирана.
Read More »Македонско друштво “Илинден“-Тирана бара од албанската влада Комитетот за национални малцинства да прерасне во Агенција
Македонското друштво “Илинден“-Тирана, бара од албанската влада досегашното тело Комитет за национални малцинства, од консултативно тело на владата да прерасне во Агенција за национални малцинства со посериозни и обврзувачки ингеренции за афирмација на националните малцинства во Република Албанија. Комитетот за националните малцинства е формиран во 2004 година од страна на албанската Влада како централна институција зависна од Владата, со задача ...
Read More »Општина Пустец пример за транспарентност меѓу општините во Албанија
Општина Пустец областа Мала Преспа е мала но е општина за пример кога станува збор за почитување на еден од стандардите за потранспарентна политика и отчетност, што е потреба избраните функционери да имаат јавни информации за контакт со граѓаните. Од мониторингот на Институтот за политички студии (ИСП) 45 отсто од актуелниот владин кабинет и повеќе од 82 отсто, од вкупно ...
Read More »Тринаесет години постоење на македонскиот весник “Илинден“
Пред точно тринаесет години, на 1. март 2011 година како двоброј (март/април) беше испечатен првиот број од македонскиот весник “Илинден“ како гласило на македонското друштво “Илинден“-Тирана. Изминативе тринаесет години, весникот предизвика голем интерес кај македонската читателска публика во Република Албанија, во татковината Македонија како и меѓу македонската дијаспора во светот. Според бројните дописи кои пристигнуваат на електронската адреса на редакцијата ...
Read More »Општина Пустец се подготвува за поставување на бистата на Гоце Делчев
Градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колефски, за МИА изјави дека го поддржува барањето на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ за поставување биста на Гоце Делчев во центарот на Пустец. Според Колефски, локалната власт заедно со Советот на општината активно се вклучуваат во организацијата на овој настан. Гоце Делчев е фигура која зазема централно место во колективната меморија на Македонците ...
Read More »Во центарот на Пустец ќе биде поставена биста на Гоце Делчев
Советот на општина Пустец, ја поддржа иницијатвата и барањето на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, за поставување биста на Гоце Делчев на плоштадот во село Пустец, што го носи неговото име. Иницијативата е ставена на јавна расправа и се очекува на крајот на идниот месец советниците да донесат одлука за поставање на бистата на авторот Зоран Тошевски, донација од ...
Read More »Македонско друштво “Илинден“-Тирана достави барање до Општина Дебар за поставување спомен плоча во село Ербеле зa Горан Стефановски
Македонското друштво “Илинден“-Тирана бара од општина Дебар и Советот на град Дебар во село Ербеле, Административна единица Маќеларе, општина Дебар, да биде поставена спомен плоча за истакнатиот македонски драмски автор Горан Стефановски, по потекло од цело Ербеле, во чест на Македонско националното малцинство кои живеат во селото, во Административна единица Маќеларе. Стефановски потекнува од селото Ербеле – неговиот дедо ...
Read More »Честитка по повод Меѓународен ден на мајчиниот јазик од Македонското друштво “Илинден“-Тирана
По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, 21 февруари, Македонското друштво „Илинден“ – Тирана упати честитка до припадниците на македонското национално малцинство во Република Албанија, како и до сите Македонци ширум светот, порачувајќи дека „македонскиот јазик е наше минато, сегашност и иднина“. Честитајќи ви го денешниот ден, сакаме да го истакнеме значењето на образованието на мајчин јазик, бидејќи ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden