Македонци – Албанија

Историски ден за Македонците во Албанија: Македонскиот јазик за првпат во официјален документ на Федералната унија на европските националности

Федералната унија на европските националности, ФУЕН, за првпат објави документ на македонски јазик. Ова е историски ден за Македонците во Република Албанија. Чувствувам огромно задоволство и радост што брошуратa на работната група на словенските малцинства (АГСМ) при ФУЕН за првпат се објавува и на македонски јазик, информираше Никола Ѓурѓај, претседател на македонското друштво “Илинден“-Тирана. Брошурата содржи информации за 28 малциства во Европа, ...

Read More »

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај освари средби со преставници на словенските малцинства во Европа

Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај за време на 26-тиот семинар на работната група на словенските малцинства во Европа при ФУЕН, што се одржa од 19-ти до 22-ри октомври во Загреб, Хрватска, најголемиот собир на словенските малцинства во Европа. На семинарот присуствува 13 различни малцинства од 11 земји од организации членки на работната група на словенските малцинства во Европа (АГСМ) при ...

Read More »

Македонското друштвото ”Илинден”-Тирана ќе учестува на 26 – ти семинар на работната група на словенските малцинства при ФУЕН

Како е секојдневието на српското малцинство во Хрватска? Со какви предизвици се соочуваат роднините и со какви достигнувања се гордеат? Одговори на овие прашања може да се најдат на овогодинешниот семинар на АГСМ во Загреб, Хрватска. Од 19-ти до 22-ри октомври, Работната група на словенските малцинства при ФУЕН (АГСМ) ќе ве сретне во главниот град на Хрватска на својата 26-та ...

Read More »

Објавена е монографијата „Голобрдскиот говор“ од д-р Дијана Петровска

Во областа Голо Брдо во Албанија говорот на жителите по својот фонолошки систем и граматичка структура влегува во составот на македонскиот дијалектен систем и истиот ја зачувал својата посебност, вели професорката по хуманистички науки и македонистика Дијана Петровска, автор на монографијата „Голобрдски говор“. Авторскиот труд е изработен како резултат на теренско истражување во селата во областа Голо Брдо. На прашањето ...

Read More »

Градоначалничката на Општина Булќиза во посета на Македоците во Административна единица Требиште, Голо Брдо 

Градоначалничката на Општина Булќиза Фестиме Мјештри продолжува сo јавните расправи и консултаци за развој. Денес, беше во Административна единица Требиште, областа Голо Брдо каде внимателно ги слушаше Македонците од Административна единица Требиште за нивните проблеми, исто време вети проектите што се предвидени во инфраструктурата, земјоделството, образованието и водоснабдувањето. Градоначалничката на Општина Булќиза Фестиме Мјештри истакна дека областа Голо Брдо со ...

Read More »

Претседателот на Владата на Македонија, Димитар Ковачевски, денеска во Тирана оствари средба со претставници на Македонското национално малцинство во Албанија

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, денеска во Тирана, Албанија оствари средба со претставници на Македонското национално малцинство во Република Албанија и разговараа за Македонците во Мала Преспа, Тирана, Голо Брдо и Гора. На средбата покрај премиерот Ковачевски, присуствуваа и вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ, како и Данчо Марковски, амбасадор на Република Македонија во Република Албанија. Премиерот Ковачевски ...

Read More »

Македонска фолклорна група од Преспа настапи пред учесниците во Самитот на Берлинскиот процес во Тирана (ВИДЕО)

Во Тирана се одржува Самитот на лидерите на Берлинскиот процес, на кој учествуваат лидерите на земјите учеснички во овој процеs. Премиерот на Република Албанија, Еди Рама, ги пречека лидерите и другите функционери кои учествуваат на Самитот во Тирана, а работите ќе продолжат на две сесии. На Самитот, што се одржува во просториите на Пирамидата во Тирана, учествуваат лидерите на Европската ...

Read More »

Заштитете ги Македонците во Албанија од бугарска сгресија

Срамно е ова што се случува во Преспа во врска со пописот на населението. Преспа, област генерално заборавена од сите влади, (иако е една од најубавите области на Албанија) стана вест во медиумите и порталите. За некои тоа е сериозна вест, за многу други е претставена на комичен начин, како две држави се судираат за едно малцинство. На подрачјето на ...

Read More »

Жителите на Голо Брдо со гордост велат дека зборуваат на македонски јазик, вели Дијана Петровска по своето истражување во областа Голо Брдо (ВИДЕО)

Јазикот на кој зборуваат е македонски, гордо кажуваат жителите на областа Голо Брдо во Албанија, што и научно се поткрепува преку истражувањето на Дијана Петровска, доктор по хуманистички науки. За време на посетата на неколку села, во кои иселувањето е поради постојан општествено-политички и економски притисок, во разговорите со мештаните, Петровска заклучува дека дијалектите одлично се сочувани. Нивниот говор се ...

Read More »

Македонска Ера Трета донираше училишен инвентар за средното училиште Трајан Ѓорѓиовски и Митре Колевски во Пустец 

Македонска Ера Трета / Македонски Независни Листи беше во посета на Македонците во Мала Преспа во Општина Пустец. Целта на посетата беше реализација на донација за средното училиште Трајан Ѓорѓиовски и Митре Колевски во село Пустец во форма на училишен инвентар. Претседателот на Македонска Ера Трета / Македонски Независни Листа Горан Тасковски заедно со делегацијата беа пречекани од страна на ...

Read More »