Македонци

Македонска алијанса за европска интеграција во изборна коалиција со Социјалистите, во Пустец ќе го поддржи Колефски

Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), на локалните избори што во Албанија ќе се одржат на 14 мај, ќе биде во изборна коалиција со владејачката Социјалистичка партија на премиерот Еди Рама. Договор е постигнат на денешната средба во Пустец, која со највисокото раководство на партијата, предводено од лидерот Васил Стерјовски, беше одржана со Нико Пелеши, ...

Read More »

Претседателот на Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права, Бил Николов на средба во Канадското Министерство за надворешни работи

Претседателот на Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права, Бил Николов, се сретна со генералниот директор за Европски и Евроазиски Прашања на канадското Министерство за Надворешни Работи Ендрју Турнер, со заменик-директорката за Европски и Евроазиски Прашања Луиз Корбин и со Роберт Колман. Притоа, Николов побара Канада да бара итно ослободување на македонските политички затвореници, кои се осудени поради тоа што се ...

Read More »

Македонско друштво “Илинден“-Тирана посака благословен и лесен рамазански пост 

Македонското друштво “Илинден“-Тирана и огранокот за Голо Брдо упатија честитка по повод почетокот на Светиот месец Рамазан. Во честитката се посакува лесен и благословен пост, со желби за потврдување на една од главните карактеристики на рамазанските пости, солидарноста и хуманоста. Чест ни е, од наше и име на друштвото, до Македонците од исламска религија во Албанија и надвор од неа ...

Read More »

Историски, Центарот за македонски јазик во Грција останува законски регистрирана невладина организација

Центарот за македонски јазик во Грција со задоволство ја известува јавноста дека Основниот суд во Лерин, во две посебни одлуки, официјално одби повеќе барања/тужби за поништување на првичната одлука за одобрување на барањето за неговата регистрација. Потсетуваме дека на 27.07.2022 година, барањето за регистрација на Центарот за македонски јазик како невладина организација/здружение беше одобрено од грчкиот суд, со што истиот ...

Read More »

Започна изградбата на камбанаријата во манастирот “Света Марена” до селото Туминец

Денеска во дворот на манастирот “Света Марена” во село Туминец, општина Пустец, со благослов на корчанскиот владика г. Јован, почна со изградба камбанарија, која му недостигаше на овој божји храм. Во присуство на Македонци од Мала Преспа камен темелникот на камбанаријата, го освети свештеник на корчанската митрополија. Камбанаријата се гради со средства кои Македонци со потекло од Албанија и од ...

Read More »

Летник народен празник

Летник е народен празник, којшто се празнува секоја година на 14 март (1 март по стар календар). Овој празник всушност во народните верувања е празник за почеток на пролета односно летниот период, периодот на цутењето на пупките на дрвјата и почетокот на земјоделските работи. Поради ова негово значење, празникот често е квалификуван и како празник за почетокот на годината во ...

Read More »

Професорот Спасе Терпо од Пустец со свои сили изгради етнографски музеј (ВИДЕО)

Она што локалната власт со години не можеше да го направи, успеа да го направи сам еден човек. Тоа е Спасе Терпо, професор по историја во Пустец, кој во својата куќа го отвори единствениот етнографски музеј во Преспа, ја почнува Еуроњуз Албанија, репортажата посветена на Спасе, чиј предизвик бил да им се покаже на туристите кои доаѓаат во посета на ...

Read More »

Македонците застапени и во Советодавниот Oдбор во Берлинскиот округ Штеглиц- Целендорф

На 1 март 2023 година, беше конституиран новиот oкружен Cоветодавен oдбор за учество и интеграција за изборниот период 2022-2026 година. Основата за неговата работа е особено став 19 од законот за потпомагање за учество во миграциското општество на сојузната покраина Берлин. Во октомври 2022 година, беа избрани новите членови на oкружниот Cоветодавен oдбор за учество и интеграција, во рамките на ...

Read More »

Песната “Врати се” посветена на Македонците од областа Гора (ВИДЕО)

Музичката група со потекло од Гора издаде песна посветена на емиграцијата на Македонците од областа Гора во Албанија, песната е насловена “Врати се”. Текстот на песната го напиша Шуаип Мемишај, музика Горан Борјан (Рамче), пее Фатмир Красниќи.  

Read More »

Рибарскиот брод “Гоце Делчев” на брегот на Преспанското Езеро во село Туминец, Мала Преспа

Васил Папа (1949-2015), Македонец од село Туминец, Мала Преспа, работел како рибар, па после и како капетан на рибарски брод во рибарското стопанство во Мала Преспа. Во 1987 година Васил Папа заедно со својот сонародник Леко Вурмо се враќаат ноќе од Пустец за Туминец низ Преспанското Езеро со рибарскиот брод “Преспа”, кој бил од дрвена конструкција. И двајцата биле уморни ...

Read More »