Македонци

Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана додели Благодарница “Илинден” и Награда “Илинден” по повод единаесетгодишнината

Претседателот на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана г-дин Никола Ѓурѓај, по повод единаесетгодишнината од основањето и плодната работа на друштвото, донесе одлука да додели Благодарници “Илинден” и Награда “Илинден”. Благодарницата и наградата се дава на лица за нивните особени заслуги за  ангажман и перманентните активноси во насока на зачувување и одржување на македонскиот идентитет на припадниците на македонското национално малцинство во Албанија. ...

Read More »

Македонско друштво „Илинден“-Тирана ја поздрави ратификацијата на Спогодбата за отворање македонски КИЦ во Тирана 

Македонското друштво „Илинден“-Тирана ја поздрави ратификацијата на Спогодбата за отворање македонски културно-информативен центар во Тирана, од страна на албанскиот парламент. Со овој чин на Собранието на Албанија се реализира тридеценискиот сон на Македонците во Албанија,кои од падот на комунизмот во Албанија и воспоставувањето на плурализмот, постојано иницираше идеи за отворање на дом на културата за Македонците, стои во соопштението на ...

Read More »

Албанскиот парламент ја ратификува Спогодбата за отворање македонски културно – информативен центар во Тирана

Албанскиот парламент на денешната попладневна пленарна седница ја ратификува Спогодбата за отворање македонски културно – информативен центар во Тирана со 96 гласа „за“, 2 „против“ и 2 „воздржани“. На седницата, за значењето на центрите кои ќе се отворат во Тирана и во Скопје, зборуваше Васил Стерјовски, пратеник од партијата Македонска алијанса за европска интеграција, кој од име на партијата и ...

Read More »

Борче Величковски: Идентитетот можеме да го зачуваме само сложни, сплотени и единствени

Како што неговите сограѓани од српска националност се водат од максимата „само слогата Србинот го спасува“, така и македонскиот активист од Србија, Борче Величковски, смета дека Македонците можат да си го зачуваат идентитетот само сложни, сплотени и единствени. „Најголемата цел на македонските организации и поединци во светот треба и мора да биде зачувувањето на националниот, културниот, јазичниот, верскиот, општествениот, историскиот ...

Read More »

Потписите на Иницијативата за заштита на малцинствата SafePack ќе бидат доставени до Европската комисија на 5-ти февруари 2020

Потписите на Иницијативата за заштита на малцинствата SafePack беа регистрирани на онлајн системот на Европската комисија во петок, 10 јануари 2020 година, во среда, на 5 февруари 2020 година ќе бидат претставени пред Европската комисија во Брисел, Белгија. Координираната кампања ФУЕН започна во април 2017 година, а 1.288.385 од потписите собрани во текот на едногодишниот период се потврдена од надлежните органи на 28 земји-членки ...

Read More »

Македонците во Албанија ја одбележаа “Св.Атанаси Велики”-Танасовден 

Македонците во Албанија го прославија празникот Св.Атанаси Велики -Танасовден според јулијанскиот календар. По традиција празникот се одбележа во духот на македонските обичаи и традиција во Мала Преспа, Голо Брдо, Врбник. Во чест на “Св Атанаси Велики” -Танасовден, во Пустец, областа Мала Преспа се одржа Божствена литургија и верниците се причестија со светите тајни и го прославија празникот Св.Атанаси Велики -Танасовден.

Read More »

Намик Докле од областа Гора поранешен вицепремиер и претседател на парламентот на Албанија

Роден е на 11 март 1946 година во Драч, со потекло од село Борје, областа Гора. Во 1970 година завршува високо образование на земјоделскиот Универзитет во Тирана, каде студира аграрна економика, како и на тиранскиот Универзитет, каде студира новинарство. Помеѓу 1970-1983 година работи како новинар во весникот „Пуна“, а од 1983 до 1989 година е негов главен уредник. Во 1991 година е главен уредник на весникот ...

Read More »

Македонците во Дортмунд сложно ја градат црквата Св. Кирил и Методиј

Македонците во Дортмунд за рекордно време ја подигнаа православната црква „Св. Кирил и Методиј“. За неполна година во Дортмунд, во Германија на дело се покажа слогата, љубовта и единството на Македонците во таа околина и пошироко. Црковниот одбор со протојереј Душко, организирано и посветено сите донации ги наменија за градба на нова црква. Претстои внатрешно уредување и апел до сите кои ...

Read More »

Бил Николов до Human Rights Watch: Замислете да сакаат да ве избришат, тоа се случува со Македонците

Лидерот на Македонското меѓународно движење за човекови (ММДЧП) Бил Николов поставува прашање на организацијата за човекови права Human Rights Watch со порака да ја разберат ситуацијата во која се наоѓаат Македонците. “Замислете како би било ако сите особености на вашата етничка група се негираат, омаловажуваат, редефинираат – се за да се исполни целта на вашите угнетувачи за ваше целосно бришење. Замисливте? Така е ...

Read More »

Патната инфраструктура во областа Голо Брдо амортизирана и се уште бес решение (ВИДЕО)

Областа Голо Брдо е составена од 22 села, загрижувачки e проблемот за Македонците во областа Голо Брдо, немање на патната инфраструктура овој е голем проблем за областа Голо Брдо. Македонците од областа Голо Брдо барат помош од државата за да се реши овој долгогодишен проблем. Апелите се уште погласни поради тоа што од страна на државните институци нема никаква реакција ...

Read More »