Македонци

Кимет Фетаху, Македонец од Голо Брдо поборец за правата на Македонците во Албанија

  Кимет Фетаху роден на 1955 година во село Требиште, областа Голо Брдо е доктор на науки, универзитетски професор и македонски општественик од Албанија. Своето образование го стекнува во Албанија, но поради својата стручност е испратен на специјализирање во Кина, од областа на геологијата и металургијата. Денес работи како професор и шеф на катедрата на Рударско-геолошкиот факултет во Тирана, a се занимава и со широка општествена дејност. ...

Read More »

Mакедонски деца од Голо Брдо на летен камп “Ја сакам Македонија 2019 година” во Охрид (ФОТО)

Во организација на Министерството за надворешни работи на Република Македонија од 15 до 22 јули 2019 година во Охрид се одржува  Летен камп “Ја сакам Македонија 2019 година” припадници на Mакедонското национално малцинство од Србија, Албанија, Грција, Косово, Бугарија.  Целта на оваа манифестација е одржување на врските со децата кои имаат македонско потекло, а кои живеат надвор од Република Македонија, ...

Read More »

Македонците во Овчарани, Егејска, Македонија го прославија Илинден (ВИДЕО)

И годинава на 19 и 20 јули во македонското село Овчарани, леринско, се одржа традиционалната Илинденска средба на Македонците во Егејскиот дел на Македонија. Неколку илјади Македонци од сите делови на Македонија го прославија македонскиот национален и верски празник Илинден со македонски ора и песни. Голем број Македонци од Албанија присуствуваа на прославата како и Македонци иселеници од прекуокеанските земји, ...

Read More »

Васил Јанкула “Преспанскиот херој“ лета со параглајдер, вози мотор на 4 тркала секој ден докажува дека „Сите сме исти“(ВИДЕО)

Васил Јанкула, Македонец од Мала Преспа, лице со церебрална парализа, кој го доби името „Преспанскиот херој“, откако со својот трицикл за 7 дена ја обиколи цела Западна Македонија продолжува да го остварува својот сон и да докажува дека „Сите сме исти“. За само кратко време после својот голем подвиг, тој ја отвори велосипедската манифестација „Алшар“ во Кавадарци, леташе до параглајдер ...

Read More »

Преминот Стрезимир-Рестилица значен за Македонците во Гора отворен за минување до 20 август  

Граничниот премин Стреизмир-Рестилица на македонско-косовската граница, од утре па до 20 август ќе биде пуштен во употреба за граѓаните од двете земји, информираа од локалната власт на општина Маврово и Ростуше. Преминот ќе биде отворен секој ден од 08:00 до 22:00 часот, а за преминување ќе важат истите правила како и на другите гранични премини, односно патна исправа (пасош или ...

Read More »

Стерјовски осври средба со министерот за внатрешни работи, Сандар Лешај

На средбата со министерот за внатрешни работи, Сандар Лешај разговаравме за повеќе теми кој ги засегаат Македонците во Албанија. На средбата со министерот Лешaј ја истакнав потребата да Македонците се застапени во поголем број во албанската полиција, да бидат вклучени во раководни позиции и во областите населени со Македонци раководители на полицијата да бидат Македонци. Министерот Лешај се изјасни дека ...

Read More »

Деца Македонци од Националниот совет на Македонците во Република Србија во посета на библиотеката во Охрид

Вчера во посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид беше мала делегација од тројца учесници  на Летен камп наменет за деца со македонско потекло придружувани од Ивана Цветковиќ од Лесковац. Цветковиќ е една од најактивните членки на Националниот совет на Македонците во Република Србија. Во библиотеката беа примени и разговараа со директорката Гордана Змејковска. Накусо гостите беа запознати со ...

Read More »

Национаниот совет на Македонците во Србија ги повикува сите Македонци својата национална припадност да ја запишат во матичната книна на родените

Од почетокот на годината припадниците на националните малцинства имаат можност својата национална припадност да ја запишат во матичната книна на родените. Тоа им го овозможија Измените и дополненијата на Законот за матичните книги. Уписот на податоците е доброволен, а покрај националната припадност оние кои сакаат ќе можат во матичната книга на родените да упишат и промена на полот. Единствена база ...

Read More »

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги повикува Македонците во Албанија да помогнат за лекување на малиот Алекс со потекло од Мала Преспа

  Македонското друштво „Илинден“со седиште во Тирана упати апел до сите хумани луѓе да го помогнат лекувањето на петгодишниот Алекс Мазенкофски,по потекло од Мала Преспа. Сите хумани луѓе уште еднаш имаат можност да ја покажат својата хуманост на дело. Кој колку што може да донирa, да помогниме за лекување на малиот Алекс со потекло од Мала Преспа, Албанија,кому преку ноќ ...

Read More »

Васил Стерјовски оствари официјална средба со делегација на Интегра – Македонска конзервативна партија во албанскиот парламент 

Делегација на Интегра – Македонска конзервативна партија оствари официјална средба во албанскиот парламент со пратеникот од Македонска алијанска за европска интеграција (МАЕИ) Васил Стерјовски.  Ова е прва официјална посета на пратеникот Стерјовски од политичка партија од Република Македонија. На средбата беа изразени честитки за изборот на Стерјовски за пратеник и се разговараше за можностите за соработка помеѓу двете партии во ...

Read More »