Сериозен проблем за Македонците во село Требиште, област Голо Брдо 35 години без инвестиции во електричната мрежа. Три и пол децении без никакви инвестиции во електричната мрежа во село Требиште, во областа Голо Брдо, претставуваат сериозен и алармантен проблем за македонското население во областа Голо Брдо Дотраената инфраструктура предизвикува чести прекини на електричната енергија, слаб напон и зголемен ризик по ...
Read More »Македонци
Македонците од Албанија поднесоа тужба против Владата по одлуката за отворање центри за мигранти во општина Пустец
Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) поднесе тужба до Управниот суд во Тирана против Владата на Албанија, поради одлуката за отворање три центри за мигранти на територијата на општина Пустец, општина во која живее македонско национално малцинство. Со тужбата јасно се бара изземање на општина Пустец од државниот план за отворање центри за мигранти, бидејќи одлуката е донесена без консултација ...
Read More »Македонско друштво “Илинден“–Тирана ја поддржава тужбата на Македонската алијанса за европска интеграција против мигрантските центри во општина Пустец
Македонско друштво “Илинден“-Тирана дава целосна поддршка на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) за поднесената тужба до Управниот суд во Тирана против одлуката на Владата за отворање три центри за мигранти на територијата на општина Пустец. Сметаме дека оваа одлука е донесена без консултација, без јавна расправа и без почитување на правата и интересите на македонците во општина Пустец и ...
Read More »Македонската алијанса за европска интеграција поднесе тужба до Управниот суд во Тирана против Владата (ФОТО)
Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) денска поднесе тужба до Управниот суд во Тирана против Владата на Албанија, поради одлуката за отворање три центри за мигранти на територијата на општина Пустец, општина во која живее македонско национално малцинство. Со тужбата јасно се бара изземање на општина Пустец од државниот план за отворање центри за мигранти, бидејќи одлуката е донесена без ...
Read More »Новинарка Даниела Зиси: Преспа, кралицата на езерото што исчезнува од туристичката мапа
Статистиката покажува дека за време на владата на Еди Рама, регионот Корча имал корист од над 550 милиони евра инвестиции, но нивната распределба меѓу општините е направена на преференцијален, селективен и дискриминаторски начин, не земајќи ги предвид ниту потребите на локалните заедници ниту економскиот и развојниот потенцијал на областите. Општината што добила трошки инвестиции, повеќе како милост, или можеби дури ...
Read More »Ако го изгубиме Пустец, ќе изгубиме дел од нашата душа
Бурна реакција меѓу Македонците во Албанија по усвојувањето на националниот план за отворање прифатни кампови за мигранти во Пустец. Доколку Македонците исчезнат или бидат сведени само на симболично присуство, тоа ќе биде загуба не само за Албанија туку и за целиот регион, вклучувајќи ја и Македонија, бидејќи ќе се изгубат еден мост меѓу културите и една жива врска со минатото. ...
Read More »Македонското друштво “Илинден“-Тирана нема да замолчиме пред бугарските манипулации
Македонското друштво “Илинден“-Тирана ги отфрла како неосновани и тенденциозни обвинувањата изнесени во пропагандна емисија „Студио Actualno Балкани“ и настапот на Ервис Талури, претставник на т.н. Друштво за бугарско-албанско пријателство, структура која одамна нема ништо заедничко со пријателство, а со манипулација, асимилација и криминал. Станува збор за класична медиумска манипулација со цел замолчување на македонските активисти во Република Албанија. Во пропагандна ...
Read More »МАЕИ: Фрапантно е што и во 2026 година, во Бугарија, се емитуваат емисии кои отворено ги негираат Македонците во Албанија
Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) со згрозеност и револт реагира на срамната пропагандна емисија „Студио Actualno Балкани“ и настапот на Ервис Талури, претставник на т.н. Друштво за бугарско-албанско пријателство, структура која одамна нема ништо заедничко со пријателство, а со манипулација, асимилација и криминал. Фрапантно е што и во 2026 година, во земја членка на Европската унија, се емитуваат емисии ...
Read More »Ако ми го забраните сонцето на хартија, дали ќе ми го забраните и сонцето што секое утро изгрева над Преспа, Голо Брдо и Гора?
Сонцето не се забранува – припадноста на народот (народноста) не е милостина, туку право. Таа не е подарок што се дава по милост, ниту товар што може да се одземе со административна одлука. Народноста е светлина што се раѓа со човекот и се пренесува низ вековите, како сонцето што секое утро изгрева над Преспа и Голо Брдо и Гора. Таа ...
Read More »На граничниот премин Џепиште – Требиште областа Голо Брдо минатата година минале 47.023 патници
На граничниот премин Џепиште – Требиште областа Голо Брдо, што е втор премин на македонско – албанската граница, кај Дебар, минатата година забележан е благ пад на фреквенцијата на патници. Во текот на 2025 година се регистрирани 47.023 патници, од нив на влез во нашата земја се 23 765, додека на излез 23 258 патници. Претходната, 2024 година, на влез ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden