На големиот македонски национален празник Илинден, во Јабука се одржа Основачкото собрание на Македонскиот национален сојуз, со што беше означен почетокот на ново и историско поглавје за македонската заедница во Република Србија. Во Сојузот се обединија 29 од вкупно 34 активни македонски организации во Србија, без Националниот совет. Ова претставува најшироко организирано обединување на македонски здруженија, фондации, културно-уметнички друштва, установи, ...
Read More »Македонци
Честитка од Македонско друштво “Илинден“-Tирана за најголемиот Македонски празник Илинден
Слика: Излет на Македонците во Тирана за Илинден во 1937 година Македонското друштво “Илинден“-Тирана го честита Денот на Републиката – 2 Август, празникот на двата историски Илиндена: 123 години од Илинденското востание и 82 години од Првото заседание на АСНОМ. „Да го почитуваме и достоинствено да го славиме овој голем ден, посветен на Илинденското востание од 1903 година, како и ...
Read More »Делегација на МАЕИ се поклони пред споменикот на борците во Туминец
По повод големиот македонски национален празник Илинден, делегација на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), предводена од претседателот Васил Стерјовски, положи свежо цвеќе на споменикот на борците во селото Туминец, Општина Пустец. Споменикот е подигнат во чест на борците од Туминец кои се приклучија на македонските партизански одреди и учествуваа во борбата за ослободување на Македонија од фашизмот и нацизмот ...
Read More »Илинден – вистински уникатен и неповторлив
Илинденското востание, кое се слави со посебна величественост, чест и комеморација, секогаш на 2 август, во спомен на 2 август 1903 година, кога народот од Крушевско и околните области херојски се кренаа против суровиот отомански јарем, е навистина единствен случај во ваквите ослободителни движења, не само на нестабилниот и воинствен Балкански полуостров. Ова се вели со полна убеденост, меѓу другото, ...
Read More »МАЕИ со честитка по повод Илинден: Да го чуваме македонскиот идентитет и да останеме обединети!
Стерјовски: Илинден е вечен симбол на слободата, достоинството и националниот опстанок, а за Македонците во Албанија претставува инспирација за продолжување на борбата за национални права. По повод националниот празник 2 Август – Илинден, Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) упати честитка до Македонците, во која се нагласува дека Илинден е најсветлиот ден во македонската историја и траен симбол на вековната ...
Read More »Македонците во Албанија го одбележаа патронот на манастирот „Света Марена“ во Туминец (ФОТО)
Вчера и денес во Туминец се одржа традиционалната манастирска слава посветена на светата великомаченичка Марена (Марина).Повеќе од илјада верници од областа Преспа, Албанија и Македонија и светот присуствуваа на вчерашниот заеднички молитвен и празничен собир во чест на светицата-заштитничка на манастирот. Свеченостите започнаа со вечерна богослужба на 29 јули, по што следеше богата културно-уметничка програма со македонски народни песни и ...
Read More »Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана, Ѓурѓај и градоначалникот на Прилеп, Проданоски разговарале за унапредување на соработката
Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај на средбата со градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски разговарале околу поддршката што оваа општина може да ја даде за друштвото и унапредувањето на соработката во областа на културата. Чест и задоволство ми беше што со градоначалникот имавме срдечна средба. Непосредно го запознав со проблемите со кои се соочуваат Македонците, како и со активностите ...
Read More »Системското негирање и дискриминацијата и натаму го загрозуваат македонското малцинство во Бугарија
Заедничкиот извештај од 2025 година изготвен од комитетот за човекови права „Толеранција“ со поддршка од ОМО „Илинден“ – Пирин, Здружението на репресирани Македонци во Бугарија – жртви на комунистичкиот терор, ОМО „Илинден“-Пирин, Здружението за заштита на основните граѓански права, Граѓанската иницијатива за признавање на македонското национално малцинство во Бугарија и заштита на правата на бугарските граѓани со македонска самосвест, Македонскиот клуб за етничка ...
Read More »Историска посета на Митрополитот Петар на Мала Преспа во 1991 година (ВИДЕО)
Историски моменти што не смеат да бидат заборавени! Постојат настани кои не се само дел од историјата, туку претставуваат сведоштво за непокорниот дух, верата и истрајноста на еден народ. Денес, за првпат, весникот „Македониум“ ја објавува оваа драгоцена архивска снимка од историската посета на Преспанскиот митрополит г. Петар на Мала Преспа, непосредно по падот на комунистичкиот режим во Албанија, за ...
Read More »Црковниот одбор на манастирот “Света Марена“ во село Туминец, Преспа ги поканува сите православни верници да присуствуваат на традиционалната манастирска слава, која ќе се одржи на 29 и 30 јули 2026
Црковниот одбор на манастирот “Света Марена“ во село Туминец, Преспа ги поканува сите православни верници да присуствуваат на традиционалната манастирска слава, која ќе се одржи на 29 и 30 јули 2026 година Црковниот одбор на манастирот “Света Марена“ во село Туминец ги поканува сите православни верници да присуствуваат на традиционалната манастирска слава посветена на светата великомаченичка Марена (Марина), која ќе ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden