Претставници на Македонците во Албанија алармираат дека се спроведува систематска кампања во организација на Софија за негирање и асимилирање на македонското малцинство во Албанија Според официјалната информација на органите за внатрешни работи на Општина Дибер, деновиве успешно е финализирана полициската операција со кодно име „Идентитет“. Акцијата траела подолго време, при што биле активирани специјални истражни методи. При финализирањето на акцијата, ...
Read More »Македонци
Македонско друштво “Илинден”-Тирана ја поздравува денешната акција на албанската полиција во општина Булќиза, при што беа уапсени функционери инволвирани во издавање лажни потврди за бугарско потекло
Македонско друштво “Илинден”-Тирана ја поздравува денешната акција на полицијата во општина Булќиза, при што беа уапсени функционери инволвирани во издавање лажни потврди за бугарско потекло во административната единица Острени, областа Голо Брдо. Го повикуваме Министерството за внатрешни работи и сите надлежни органи да ја прошират истрагата и во другите општини каде што постојат сомнежи за слични незаконски активности, како и ...
Read More »Бизнис со лажен идентитет: МАЕИ бара истрага за мафијата со бугарски пасоши што ги уценува албанските граѓани
Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) ја поздравува денешната акција на албанската полиција во општина Булќиза, при што беа уапсени функционери инволвирани во издавање лажни потврди за бугарско потекло. Сепак, нагласуваме дека ова претставува само врв на ледениот брег. Ваквите злоупотреби се присутни во повеќе општини низ Албанија уште од 2020 година и претставуваат организирана појава која сериозно го нарушува ...
Read More »Вистината излезе на виделина: „Матица“ објави втор том од „Табу – време на страв и страдање“ од Стојков – за првпат објавени досиеја и спомени за геноцидот врз Македонците од Пиринска
Вистината за геноцидот врз Македонците од Пиринска Македонија излезе на виделина, на увид на домашната и на странската јавност. „Матица македонска“ објави втор том од зборникот „Табу – време на страв и страдање: прогонувањето на Македонците во Бугарија за време на комунизмот 1944-1989 година“ од универзитетскиот професор и голем борец за правата на Македонците во денешна Бугарија, Стојко Стојков. Во ...
Read More »Европска слободна алијанса изрази загриженост за состојбата со демократските права и малцинствата во Бугарија во пресрет на изборите
Foto:European Free Alliance Европска слободна алијанса (ЕФА) повторно изрази загриженост за состојбата со демократските права и малцинствата во Бугарија во пресрет на изборите. Во своите реакции, ЕФА укажува дека партијата ОМО “Илинден”‘-Пирин, која е нејзина членка, се соочува со долготрајни институционални пречки и неможност за регистрација. Според нив, ова отвора сериозни прашања за политичкиот плурализам и правото на здружување. Организацијата ...
Read More »Јорго Сидери (Георги Сидери Неговански) борецот за слобода со две имиња и две народни легенди поврзани со него кој се борел против отоманското царство и бугарските егзархисти
Фото: Јорго Сидери или (Георги Сидери Неговански) Јорго Сидери, роден во селото Негован во близина на Лерин, недалеку од денешната албанска граница во современа Грција, сè уште денес се смета за многу симболична фигура, иако е широко погрешно разбран од академските кругови и пишаната историја за време на Битката за Македонија (во целата нејзина област, а не само во денешната ...
Read More »Стојков: Одлуката на ОН е шанса за пресврт во односот на Бугарија кон Македонците
Можност за пресврт и конечна промена на дискриминаторската и асимилаторска политика на Бугарија кон Македонците. Одлуката на Комитетот за човекови права на ОН дека Бугарија ги крши правата на здружување на малцинствата е ветер во грб за претставниците на македонците кои со децении бијат битка против бугарската политика. Претседателот на невладината организација „Толерантност“ Стојко Стојков во изјава за Алфа вели ...
Read More »Стразбур: Бугарија со години не ги спроведува пресудите за Македонците
Бугарија сè уште не спровела најмалку 14 пресуди на Европскиот суд за човекови права кои се однесуваат на правата на Македонците во оваа земја, што отвора сериозни прашања за почитувањето на основните човекови права и европските стандарди. Станува збор за пресуди кои најчесто се поврзани со забрана за регистрација на здруженија, ограничување на слободата на здружување и негирање на правото ...
Read More »Македонците во Албанија според традициите го одбележаа Воскресението Христово – Велигден
Најголемиот христијански празник Воскресението Христово – Велигден беше одбележан насекаде низ Албанија каде живеат православни Македонци, како во Мала Преспа, Голо Брдо, Врбник и во поголемите градови Тирана, Корча, Подградец, Елбасан, Драч и други градови. На Велигден, Македонци во Албанија славеа со своите најблиски, во домашна атмосфера и со богата трпеза, додека прославата на празникот започна на Велики четврток уште пред изгрејсонце ...
Read More »Делегација на МАЕИ на традиционалниот велигденски прием во митрополијата во Корча
Претседателот на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски заедно со членот на Извршниот комитет на Македонска алијанса за европска интеграција, Нико Андон присуствувавме на традиционалниот прием во седиштето на Корчанската митрополијап, по повод големиот христијански празник Воскресението Христово – Велигден. По повод најголемиот христијански празник – Христовото Воскресение, Велигден, имав чест да присуствувам на прием во седиштето на ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden