Македонци

Предавање на Максим Макарцев на Московскиот државен универзитет „Ломоносов“ за говорите на Македонците во областите Голо Брдо, Преспа и Корча 

Светски признатиот филолог и дијалектолог, професорот Максим Макарцев од Универзитетот „Карл фон Осјецки“ во Олденбург, Германија одржа гостинско предавање за корчанскиот говор пред магистранките по македонистика од Московскиот државен универзитет „Ломоносов“. Тој говореше за своите теренски истражувања на говорите на Македонците во областите Голо Брдо, Преспа и Корча во Република Албанија. Неговите истражувања (од 2010 г. наваму) придонесоа и за ...

Read More »

Македонската амбасада организираше новогодишна средба со Македонци од Тирана (ФОТО)

Вршителот на должноста амбасадор, Луфтим Спахиу, во македонската амбасада во Тирана,  организираше новогодишен прием за претставници на македонското национално малцинство кои живеат во Тирана. Во чест на македонското национално малцинство во Тирана, кое претставуваат важен дел од мултикултурната структура на градот, придонесувајќи со својата историја, култура и традиција, а по повод новогодишните празници,  организиравме мал но значаен прием, објави амбасадата. ...

Read More »

Македонско друштво “Илинден“- Тирана: Благодарност за албанскиот НИКН  за прифатеното барање за реконструкција и реставрација на црквите во Ербеле и Крчишта

Македонско друштво “Илинден“- Тирана упати благодарност до  Националниот институт за културно наследство на Албанија, за прифатеното барање на друштвото за целосна реконструкција и реставрација на црквите во селата Ербеле и Горно Крчишта. Ми претставува особена чест и задоволство од име на Македонците во Албанија, посебно оние во селата Ербеле и Горно Крчишта, да изразам благодарност што го прифативте нашето барање ...

Read More »

Во Косова според резултатите од пописот одржан во 2024 година припадници на Македонската горанска заедница се декларирале 9 140 лица

Агенцијата за статистика на Република Косово денеска ги презентираше конечните податоци за пописот на населението. Статистиката на етничката припадност Албанци 91,76, Срби 2,31, Бошњаци 1,69, Турци 1,22, Роми 0,55, Шкалит 1,02, Египќани 0,67, Македонската горанска заедница 0,58, други 0,13“. Во областа Гора распослани се 9 села, населени со Македонци со муслиманска вероисповед познати под името Горанци, кои говорат македонски јазик. ...

Read More »

Во Корча научна конференција „80 години образование на мајчин македонски јазик во Албанија“

Во четврток во Корча научна конференција „80 години образование на мајчин македонски јазик во Албанија“ Македонското друштво „Сонце“ од Корча, во соработка со Универзитетот „Фан С. Ноли“ од истиот град и мрежата за промоција на јазичната различност од Брисел, организираат научна конференција на тема: „80 години образование на мајчин македонски јазик во Албанија“. Научнaта конференција ќе се одржи на 19 ...

Read More »

По барањето на Македонско друштво “Илинден“-Тирана почна рекострукција и реставрација на црквите во Ербеле и Горно Крчишта (ФОТО)

Албанскиот национален институт за културно наследство на Албанија, објави дека почнала реконструкција, реставрација и расчистување на просторот кај неколку верски објекти, меѓу кои и црквите „Свето Преображение“ во село Ербеле и „Свети Спас“ во село Горно Крчишта, населени со Македонци. Во округот Пешкопеа (Долни Дебар) во тек е реализација на реставраторски проекти на објекти од особено значење за зачувување и ...

Read More »

Шефот на руските сили за нуклеарна заштита загина во експлозија во Москва

Високиот генерал на руската армија и шеф на силите за нуклеарна, биолошка и хемиска одбрана Игор Кирилов загина во експлозија во Москва. Како што јавува Би-Би-Си, генералот Кирилов ја напуштал станбената зграда кога експлодирал експлозив скриен во скутер, соопшти Рускиот истражен комитет. Тој бил придружуван од неговиот помошник, кој исто така починал. Кирилов беше одговорен за руските сили за нуклеарна ...

Read More »

Дваесет години од основањето на Националниот совет на Македонците во Србија

На академијата беше прикажан документарен филм за создавањето и работата на Македонскиот национален совет во изминатите 20 години, во продукција на здружението Мак-инфо. Во Културниот центар на Нови Сад, се одржа свечена академија на Националниот совет на Македонците во Србија по повод 20 години од неговото основање. На академијата присуствуваа македонскиот амбасадор во Белград проф.д-р Никола Тупанчевски и директорот на ...

Read More »

Во пресрет на зимата, сиромашни семејства од Пустец добија донација од печки на дрва и ќебиња

Локалната власт на општина Пустец во соработка со хуманитарната организација Црвена полумесечина, обезбеди помош за семејства во општината, кои се во неповолна социо-економска положба. „Помошта се состои во печки на дрва, како и ќебиња. На 10 домаќинства им се доделени печки на дрва, кои ќе им помогнат во загревање на домовите во зимскиот период. Добивме и 10 пакети со ќебиња, ...

Read More »

Новогодишни пакетчиња за најмалите во Пустец, со поддршка на градоначалникот на Охрид

Најмладите од детските градинки во Горица и Пустец, како и од неколку одделенија од одделенска настава, денеска беа израдувани со новогодишни пакетчиња, обезбедени од познатиот активист за правата на Македонците, Панди Јани, во соработка со градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков. Донесовме новогодишна магија и насмевки на лицата на дечињата од градинките и на неколку одделенија во основните училиште во ...

Read More »