Со длабока тага ја споделуваме веста дека денес почина Рамче Беќирај, познат под уметничкото име Горан Борјан, истакнат македонски активист, педагог и борец за правата на Македонците во Албанија. Роден во селото Борје, во областа Гора, Рамче Беќирај дипломираше на Филолошкиот факултет при Универзитетот во Тирана, на одделот за јазик и литература. Својата кариера ја посвети на образованието, работејќи како ...
Read More »Македонци
Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај му врачи благодарница „Илинден“ на проф. д-р Кимет Фетаху
Претседателот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана Никола Ѓурѓај му врачи благодарница „Илинден“ на истакнатиот македонски активист проф. д-р Кимет Фетаху. Ми беше посебна чест и задоволство во име на друштвото и на Македонците во Република Албанија, во просториите на Македонската амбасада во Тирана лично да му ја предадам благодарницата “Илинден“ на истакнатиот македонски активист проф. д-р Кимет Фетаху, за неговата посветена ...
Read More »Познатитот новинар и водител на ТВ-емисија Бленди Февзиу во посета на пештерската црква „Света Богородица“ на островот Мал Град областа Преспа (ВИДЕО)
Познатито новинар и водител на ТВ-емисија Бленди Февзиу во посета на на пештерската црква „Света Богородица“ на островот Мал Град областа Преспа.
Read More »Македонското друштво “Илинден“-Тирана на г. Георгиј му го честиташе устоличувањето за митрополит на Дебарско-кичевската епархија Дебар
Македонското друштво “Илинден“-Тирана во име на Македонците во Албанија, упати честитка до г. Георгиј по повод устоличувањето за митрополит на Дебарско-кичевската епархија. Дозволете ми во мое лично име и во име на македонското друштво „Илинден“-Тирана, и на Македонците во Република Албанија да ви честитам устоличувањето за нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија. Ви посакуваме голем успех, убави дела а честа и ...
Read More »Рама вети забрзување на легализацијата на објектите во Преспа
Премиерот Еди Рама ветил забрзување на процесот за легализација во Општина Пустец, најавувајќи тесна соработка со општинските власти со цел решавање на овие прашања во што е можно покус рок и во интерес на секој граѓанин. Градоначалникот Пали Колефски ова го посочил на средбата на Рама со градоначалниците. За време на оваа значајна средба со премиерот Еди Рама, градоначалникот на ...
Read More »Единствена горанска партија: Продолжуваат работите за подобрување на електричната мрежа во областа Гора
Партијата „Единствена горанска партија“ работите на далноводот од Бука до Рестелица продолжуваат, а во Рестелица се градат трафостаници кои значително ќе го подобрат снабдувањето со електрична енергија, особено во населбата Висок Завор, но и во остатокот од селото. Во текот на претходниот период добивме бројни барања од граѓани, особено од дијаспората, кои посочија сериозни проблеми предизвикани од нестабилното снабдување со ...
Read More »Со европски пари ќе се гради патот до манастирот “Света Марена” во Туминец
Разговаравме за напредокот на одобрениот проект CROSSROAD, кој опфаќа асфалтирање на патот во село Туминец, од главниот пат до близина на почетната точка кон Манастирот „Света Марена“, со почитување на сите технички параметри и потребните подслоеви, објави Колефски. Според него оваа инвестиција значително ќе ја подобри инфраструктурата, пристапот за жителите и посетителите, а ќе придонесе за економскиот и туристичкиот развој ...
Read More »Македонскиот национален совет во Србија идентитетот не исчезнува со амандмани, ниту се потврдува со туѓо одобрување тој се живее, се зборува, се создава и се пренесува
Македонскиот национален совет во Република Србија со внимание го следи процесот на европска интеграција на Република Македонија, кој не е значаен само за граѓаните на таа држава, туку и за сите Македонци во регионот и во дијаспората. Во таа насока, со жалење констатираме дека во изгласаниот Извештај недостасуваат клучни референци поврзани со македонскиот јазик и идентитет, што предизвикува загриженост кај ...
Read More »Поддржан апелот на Црковниот одбор за санирање на црквата „Свети Никола” во Пустец (ФОТО)
Нашите сонародници и драги верници, како и во други случаи веднаш се одзваа на апелот за помош и финансиска поддршка за санирање на овој божји храм. Првиот од нив што се јави е Александар Ѓорѓи од Пустец, кој со неговата градежна екипа и со несебична поддршка на наши млади верници од Пустец го санира покривот на Параклисот, објави Црковниот одбор. ...
Read More »На граничниот премин Требиште – Џепиште областа Голо Брдо за шест месеци минале 22.919 патници, најголема бројка до сега
Во првата поливина од годинава зголемена фрекфенција е регистрирана на граничниот премин Џепиште – Требиште, на македонско – албанската граница во областа Голо Брдо кој е втор премин на овој дел од границата, покрај ГП „Блато“. На овој премин, кој е од регионален карактер, во периодот јануари – јуни годинава регистриран е вкупен проток на патници од 22.919 што е ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden