Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук-профил сподели дека ја посетил црквата Свети Никола во Њу Џерси. „Во посета на црквата Св. Никола во Њу Џерси. Мојот приоритет е да ја одржиме врската со Македонците ширум светот. Освен посветеноста, работливоста, наша заедничка приказна е и заветот и желбата да обезбедиме иднина на нашата заедничка татковина Македонија“, вели Мицкоски.
Read More »Македонија
Мицкоски разговарал со „Македонија 2025“ за борбата за подобра иднина (ВИДЕО)
Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски кој е во посета на САД, се сретнал со претставници на организацијата „Македонија 2025“. За оваа средба, Мицкоски информираше на Фејсбук. Во Вашингтон, на средба со Македонија 2025, ја истакнуваме нашата посветеност кон подобра иднина. Без разлика дали сме дома, во Европа или во САД, борбата секогаш е насочена кон создавање подобри услови за живот ...
Read More »Проф. д-р Катерина Тодороска: „Вие идите накај мене, не јас накај вас“
Си беше еднаш едно дете кое сакаше приказни. И слушаше разно-разни приказни за случувањата во животот на своите предци. Една од приказните беше за неговата прабаба Рајна. Таа жена, родена во „турско“ се борела со немаштијата и, како секоја тогашна домаќинка, успевала од една кокошка да направи три манџи. Најмногу внимание посветувала на мисијата да го воспита синот единец Благоја, ...
Read More »Премиерот Христијан Мицкоски во ВИП ложа на инаугурацијата на Трамп (ФОТО)
Заедно со претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватли во Вип ложата во Вашингтон ги следиме инаугуративните активности на новиот американски претседател Доналд Трамп, напиша Мицкоски. Премиерот Христијан Мицкоски од ВИП ложа ја следеше инаугурацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп. -Заедно со претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватли во Вип ложата во Вашингтон ги следиме инаугуративните ...
Read More »Македонија: Богојавление – Водици во Охрид (ФОТО)
Фото: Александар Ковачески
Read More »Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици
Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископ охридски и македонски, г.г. Стефан, членовите на Светиот архијерејски синод, на преподобното монаштво и свештенство и до православните верници. Почитувани, На овој светол и благословен ден, кога небото се отвора и Божјата светлина се спушта ...
Read More »Мицкоски со честитка по повод големиот празник Богојавление – Водици: Бог се јави!
Во името на Владата и во мое лично име, на сите православни христијани им го честитам големиот празник Богојавление – Водици, денот кога го славиме Крштевањето на Господ Исус Христос во реката Јордан, напиша премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи. Како што се отворија небесата над Јордан, потврдувајќи ја светоста на овој чин, така и денес нека ни се отворат ...
Read More »Православните верници го слават Богојавление Христово – Водици
Православните верници денеска го слават празникот Богојавление – Водици, што се празнува уште од вториот век. Поврзан е со крштавањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет, што го извршува црквата на овој ден. Овој празник е еден од најголемите ...
Read More »Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова се обрати на традиционалниот годишен прием за претставниците на дипломатскиот кор
Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова се обрати на традиционалниот годишен прием за претставниците на дипломатскиот кор, што го приреди вчеравечер во Скопје. Во своето обраќање на приемот, претседателката Сиљановска-Давкова им посака ним лично и на нивните сакани, на нивните држави и нации, на ЕУ и на европските граѓани, сè најдобро во 2025 година. Таа потенцираше дека токму тие – ...
Read More »Македонија: Пуштена во употреба железничката пруга Куманово – Бељаковце
Железничката пруга Куманово – Бељаковце, дел од Коридорот 8, денеска беше пуштена во употреба. Пругата е со должина од 30,8 километри и вклучува три нови железнички станици, шест стојалишта, пет мостови, еден тунел и многу други инфраструктурни објекти. Премиерот Христијан Мицкоски, на настанот по повод пуштање во употреба на пругата, изјави дека Коридорот 8 претставува подеднакво значаен и стратешки проект ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden