Македонија

Паневропска унија: Македонија е подготвена за брзо почнување на преговорите

Неоправдан е едностран пристап што му го порекнува правото на македонскиот народ на свој јазик и идентитет и со кој се тврди дека македонската нација е создадена по вештачки пат. Според таа логика, може да се постави прашањето „која нација во Европа не е ваштачка?“. Ако се следи таквата перспектива, тоа ќе отвори бројни спорови меѓу Австрија и Германија, Белгија ...

Read More »

Трипуновски од Берлин: Работиме со јасна визија за производство на висококвалитетно флаширано вино

Вечерва министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски имаше можност да го претстави македонското вино на настан кој што го организираше Државното претставништво на Рајна Вестфалија во Берлин и македонската амбасада. „За нас, како мала земја, македонската винска индустрија е од особена важност бидејќи покажува позитивен потенцијал, позиционирајќи се себеси како втор најголем извозник во земјоделскиот сектор“, истакна министерот ...

Read More »

Македонија: Мисајловски оствари средба со специјалниот претставник на Кралството Норвешка за Западен Балкан, Матисен

Во Министерството за одбрана на Македонија министерот Владо Мисајловски, оствари средба со специјалниот претставник на Кралството Норвешка за Западен Балкан, Еирик Нестас Матисен и со нерезидентната норвешка амбасадорка, Н.Е. Кристин Мелсом. На средбата беше истакната досегашната успешна и плодна соработка меѓу двете земји особено одличната одбранбена соработка која има голем придонес во развојот на одбранбените капацитети во делот на модернизација, ...

Read More »

Работен појадок на министерот Муцунски со амбасадорите на земјите-членки на Европската Унија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, одржа работен појадок со амбасадорите на земјите-членки на Европската унија во Република Македонија, вклучително и со амбасадорот на Европската унија, Михалис Рокас. Средбата беше дел од редовната пракса за размена на мислења со амбасадорите, со цел информирање за напредокот на реформите и ...

Read More »

Македонија: Пуштена во употреба делницата Градско – Дреново, дел од експресниот пат Градско – Фариш

Пуштена е во употреба делницата Градско – Дреново, дел од експресниот пат Градско – Фариш, во должина од 15,5 километри. Вредноста на проектот е 37.500.000 евра, од кои 26.700.000 евра се обезбедени преку ИПА фондовите и 10.600.000 евра од Буџетот. Ширината на коловозот е 12.40 метри, има три клучки, кај Градско, Росоман и Дреново. Експресниот пат, кој е дел од ...

Read More »

Православните верници го чествуваат Свети Василиј Велики – Василица

Стара нова година и Василица традиционално со низа обичаи се прославуваат во Македонија. Најрадосни и највозбудени се децата кои ги негуваат старинските обичаи врзани за Василица. Денеска е празнува Св. Василиј Велики, како следбеник на Исусовата вера, а ноќеска се прослави празвославна Стара нова година, почетокот на православната година по јулијанскиот календар. Покрај МПЦ, според јулијанскиот календар, православна Нова година ...

Read More »

Честитка од Патријархот Московски и на цела Русија г.г Кирил до Архиепископ Охридски и Македонски г.г Стефан

Светејшиот Патријарх Московски и на цела Русија г.г. Кирил упати честитка до Блаженејшиот Архиепископ Охридски и Македонски г.г Стефан, по повод неговиот именден. Содржината на ова писмо ја објави интернет страницата на Руската Патријаршија, а во продолжение ја пренесуваме во целост. До Неговото Блаженство, Блаженејшиот Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски, Митрополит Скопски Ваше Блаженство, возљубен брате и сослужителе пред Божјиот ...

Read More »

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија силно ја осудува објавата на лидерот на бугарска политичка партија Преродба, Костадинов

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија силно ја осудува објавата на лидерот на бугарска политичка партија Преродба, Костадин Костадинов, и актуелен пратеник во Народното собрание на Бугарија, на социјалната мрежа Facebook, со која изразува јасни територијални претензии кон нашата држава. Таквите злонамерни изјави на официјални личности од бугарската политичка сцена се директен напад на суверенитетот, интегритетот ...

Read More »

Државниот врв на божиќен ручек и именден кај поглаварот на МПЦ – ОА г.г. Стефан

Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија г.г. Стефан, денеска по повод божиќните празници и својот именден, приреди традиционален божиќен ручек за државниот врв. На 9.1.2025 г., трет ден Божик, кога Црквата го прославува и споменот на светиот архиѓакон и првомаченик Стефан, Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија г.г. Стефан, по повод божиќните празници и својот именден, ...

Read More »

Македонскиот пасош на 40. место во светот, без визи може да се патува во 129 земји

Со македонски пасош без визи може да се патува во 129 земји, што го рангира на 40-то место според индексот на најмоќни патни исправи во светот за 2025 година, на британската консултантска компанија Хенли & Партнерс. Индексот на Хенли & Партнерс е најчесто цитираното рангирање на пасоши и се заснова на официјални податоци од Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА). ...

Read More »