Македонија

Македонија: Во Охрид археолозите открија остатоци од ранохристијанската базилика (ФОТО)

Културно-историските монументи на Македонија продолжуваат да ме фасцинираат и воодушевуваат, Охрид се соочува со нови откритија што говорат за богатата историја на регионот, вели министерот за култура и туризам Зоран Љутков. На локацијата „Зарчевци“, веднаш до познатата црква Света Софија, археолозите открија остатоци од ранохристијанската базилика, каде што се истакнуваат убавината на крстилницата, како и зачуваните подни мозици и ѕидови ...

Read More »

Македонија: Две гробници од архајскиот период откриени во струшко од пред 2500 години (ФОТО)

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска во просториите на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид се обрати на прес-конференција по повод најновите археолошки откритија во Охридско-струшкиот Регион. На прес-конференцијата, на која ексклузивно беа изложени дел од пронајдоците, министерот Љутков рече станува збор за голем научно-истражувачки успех кој не само што фрла нови ...

Read More »

Почина професорката Наде Проева, специјалист по историјата на Античка Македонија

Вчеравечер, на 6 ноември 2024 година почина Наде Проева, историчарка, универитетска професорка од Институтот по историја на Филозофскиот факултет при УКИМ, експертка по античка историја. Нејзина особена професионална специјалност беа Историјата на стариот век и Историјата на античките Македонци, предмети што до пензионирањето им ги предавала на студентите по историја. Професорката Проева важеше за бескомпромисно принципиелен научник, секогаш на страната ...

Read More »

Македонскиот државен и политички врв очекува добра соработка со Трамп

Пораки со честитки за импресивната победа на републиканскиот кандидат за претседател Доналд Трамп на 47-те претседателски избори во САД упатија македонскиот државен врв и опозициските лидери. Сите со очекување да се продлабочи стратешкото партнерство меѓу двете земји. Покрај светските лидери и македонските политичари испратија срдечни честитки, набрзо откако републиканскиот кандидат Доналд Трамп на 47-мите претседателските избори во Соединетите Држави изјави дека ...

Read More »

Се конституира Советот за безбедност, состојбата во Македонија е стабилна

Денес во Кабинетот на Претседателката се одржа конститутивната седница на Советот за безбедност. На седницата со која претседаваше претседателката Гордана Сиљановска Давкова, присуствуваа членовите на Советот за безбедност по функција: Африм Гаши, претседател на Собранието, Христијан Мицкоски, претседател на Владата, Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, Владо Мисајловски, министер за одбрана и тројцата членови, именувани од претседателката: Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска ...

Read More »

Македонија домаќин на 12-ти меѓународен симпозиум денови на Јустинијан Први

Свеченото отворање на овогодинешното дванаесетто по ред издание на Меѓународниот симпозиум за византиски и средновековни студии „Денови на Јустинијан I“, во организација на Институтот за национална историја, Универзитет Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и Универзитетот во Болоња, во партнерство со Православниот богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“. Отворањето ќе се одржи на 1 ноември (петок), во 10 часот во Музејот ...

Read More »

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски на министерска конференција за хуманата димензија на Формулата за мир на Украина

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија, Тимчо Муцунски вчера и денес учествува на Министерската конференција за хуманата димензија на Формулата за мир на претседателот Зеленски од Украина, која се одржува во Монтреал, Канада. Конференцијата е организирана во ко-партнерство од министерствата за надворешни работи на Канада, Норвешка и Украина. Фокусот е ставен на третманот на политичките и воените ...

Read More »

Мицкоски: Европскиот извештај како најголема слабост повторно ги посочува правосудството и реформата на администрацијата

Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски го доби извештајот на Европската Комисија кој се однесува на напредокот во изминатата година. Со извештајот, како што рече Мицкоски, опфатени се практично три влади, една политичка влада, една техничка влада и една влада која беше избрана на 23 јуни оваа година. Мицкоски изјави дека и без извештајот, свесен е оти граѓаните живеат тешко и дека ...

Read More »

Началникот на Генералштабот на Армијата оствари средба со одбранбеното аташе на Албанија

Началникот на Генералштабот на Армијата на Македонија генерал-мајор Сашко Лафчиски оствари протоколарна средба со новоназначеното нерезидентно одбранбено аташе на Република Албанија акредитирано за Република Македонија, полковник Бекир Тафили. Во рамки на денешната средба, генералот Лафчиски упати честитки до полковник Бекир Тафили и му посака успех во извршување на оваа должност за време на неговиот работен ангажман и продолжување на воспоставената ...

Read More »