Македонија

Се конституира Советот за безбедност, состојбата во Македонија е стабилна

Денес во Кабинетот на Претседателката се одржа конститутивната седница на Советот за безбедност. На седницата со која претседаваше претседателката Гордана Сиљановска Давкова, присуствуваа членовите на Советот за безбедност по функција: Африм Гаши, претседател на Собранието, Христијан Мицкоски, претседател на Владата, Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, Владо Мисајловски, министер за одбрана и тројцата членови, именувани од претседателката: Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска ...

Read More »

Македонија домаќин на 12-ти меѓународен симпозиум денови на Јустинијан Први

Свеченото отворање на овогодинешното дванаесетто по ред издание на Меѓународниот симпозиум за византиски и средновековни студии „Денови на Јустинијан I“, во организација на Институтот за национална историја, Универзитет Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и Универзитетот во Болоња, во партнерство со Православниот богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“. Отворањето ќе се одржи на 1 ноември (петок), во 10 часот во Музејот ...

Read More »

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски на министерска конференција за хуманата димензија на Формулата за мир на Украина

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија, Тимчо Муцунски вчера и денес учествува на Министерската конференција за хуманата димензија на Формулата за мир на претседателот Зеленски од Украина, која се одржува во Монтреал, Канада. Конференцијата е организирана во ко-партнерство од министерствата за надворешни работи на Канада, Норвешка и Украина. Фокусот е ставен на третманот на политичките и воените ...

Read More »

Мицкоски: Европскиот извештај како најголема слабост повторно ги посочува правосудството и реформата на администрацијата

Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски го доби извештајот на Европската Комисија кој се однесува на напредокот во изминатата година. Со извештајот, како што рече Мицкоски, опфатени се практично три влади, една политичка влада, една техничка влада и една влада која беше избрана на 23 јуни оваа година. Мицкоски изјави дека и без извештајот, свесен е оти граѓаните живеат тешко и дека ...

Read More »

Началникот на Генералштабот на Армијата оствари средба со одбранбеното аташе на Албанија

Началникот на Генералштабот на Армијата на Македонија генерал-мајор Сашко Лафчиски оствари протоколарна средба со новоназначеното нерезидентно одбранбено аташе на Република Албанија акредитирано за Република Македонија, полковник Бекир Тафили. Во рамки на денешната средба, генералот Лафчиски упати честитки до полковник Бекир Тафили и му посака успех во извршување на оваа должност за време на неговиот работен ангажман и продолжување на воспоставената ...

Read More »

Македонија ќе потпише заедничка изјава со Унгарија, Србија и Грција за изградба на брза пруга Будимпешта-Атина

Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ најави дека брзата пруга на делницата Нови Сад – Суботица ќе биде пуштена во сообраќај на 24 ноември, а ден претходно Унгарија, Србија, Македонија и Грција ќе потпишат заеднички изјава за изградба на брза пруга од Будимпешта до Атина (Патра) преку Скопје. Брзата пруга низ Србија, како дел од идната брза пруга ...

Read More »

„Нова Македонија“, првиот македонски дневен весник слави јубилеј достоен за почит 80 години од првиот број

„Нова Македонија“, првиот македонски дневен весник слави јубилеј достоен за почит – 80 години од првиот број. Роден на денешен ден, во виорот на Народноослободителната борба, речиси истовремено со конституирањето на првата слободна држава на македонскиот народ, “Нова Македонија“ цели седум децении е ризничар и хроничар на македонската современост. Достоен чувар на македонската државност, јазик, идентитет, прв официјален документ испечатен ...

Read More »

Православните верници денес ја празнуваат Света Петка

Празникот посветен на Света Петка се слави денес, 27 октомври. На иконите на кои е прикажана оваа светица, најчесто стои натписот: „Верувам во еден, единствен Бог и во Светото тројство“. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести поради што народот ја нарекува уште и мајка Параскева. Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка. Кога и ...

Read More »

Ќе се одржи научен собир на тема “80 години од излегувањето на првиот број на весникот Нова Македонија”

На 29 Октомври 2024 година, во Горно Врановци, Општина Чашка, Велешко ќе се одржи научен собир на тема “80 години од излегувањето на првиот број на весникот Нова Македонија”. На собирот свои трудови ќе презентираат македонски историчари и долгогодишни новинари, чии професионални патишта се нераскинливо врзани за весникот. Покрај тоа, на Собирот ќе присуствуваат и македонски иселеници кои живеат и ...

Read More »

Николоски најави шест нови авионски линии од Скопје и Охрид до Дубаи, Барселона, Лион, Базел, Штутгард и Истанбул

Министерот за транспорт и врски на Македонија, Александар Николоски, најави шест нови авионски линии од Скопје и Охрид за 2024 година, со дестинации до Дубаи, Барселона, Лион, Штутгард, Базел и Истанбул. Државата ќе субвенционира 12 евра по патник на охридскиот и 9 евра на скопскиот аеродром, додека нови линии се очекуваат и со вториот повик кој ќе биде објавен на ...

Read More »