Железната црква “Свети Стефан“ е Македонска црква затоа што ја изградиле Македонците во Цариград, независно што сега е под јурисдикција на Бугарската православна црква. Може ќе даде Господ еден ден повторно да биде под јурисдикција на Македонската православна црква – Охридска Археипископија и Јустинијана Прва, како што било и треба да биде! Отпочеток била изградена од дрво. Грците им ја ...
Read More »Македонија
МВР да ги активира изготвените и неиздадени пасоши кои се во МНР и ДКП
Владата на денешната седница го задолжи Министерството за внатрешни работи да ги активира сите изготвени и неиздадени пасоши кои се наоѓаат во Министерството за надворешни работи, како и да ги изготви и активира патните исправи на сите поднесени барања за пасоши, реализирани од страна на мобилните екипи во дипломатско конзуларните претставништва на Македонија во странство, до моментот на стапување на ...
Read More »Армијата на Македонија одбележува 28 години од своето постоење
На воениот стадион во Градскиот парк во Скопје утре ќе биде одбележан Денот на Армијата на Македонија, cвеченоста ќе се реализира во согласност со протоколот на Комисијата за заштита од заразни болести за одбележување државни празници. Како што најавија од Генералштабот на Армиата обраќање ќе имаат претседателот на Македонија и Врховен командант на Армијата, Стево Пендаровски, министерката за одбрана, Радмила ...
Read More »Онлајн платформа за одржлив туризам Македонија и Албанија
Новата онлајн туристичка платформа наречена Genuine Experiences (оригинални искуства) има за цел на туристите да им понуди да бидат директни учесници и авантуристи наместо пасивни набљудувачи. Идејата и реализацијата е на стружанката Јасминка Поповска и охриѓанката Катерина Василевска, и двете со по 20 години искуство во туризмот. Тие сметаат дека туризмот на овие простори мора да се развива одржливо и ...
Read More »Светскиот Македонски Конгрес најостро ја осудува репресијата на Владата во Софија против Македонците во Пиринскиот дел на Македонија
Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро ја осудува репресијата на Владата во Софија против Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, во таа смисла заканите за приведување на Атанас Кирјаков од Благоевград, активист на забранетата Омо Илинден, на 17 август 2020 година во 10 часот да се јави во 6-та Реонска Управа на МВР во Софија, во спротивност ќе плати казна од 100 ...
Read More »Македонија: Документарен филм како се градеше Соборниот Храм Свети Климент во Скопје
Оваа година на 12 август, беа одбележани 30 години од осветувањето на Соборниот Храм Свети Климент Охридски во Скопје, најголемата црква на МПЦ-ОА. Овој храм 30 години е Соборна црква во која се служат централните литургии за големите христијански празници. Но, како е градена оваа црква, која е нејзината историја. МТВ, сними документарен филм за 30 години од осветувањето, во ...
Read More »Прва архиерејска Литургија на Епископот Антаниски Партениј во Обителта на Победоносецот
Пречистата Владичица и наша небесна Заштитничка, го испрати денес својот благослов и над Свештената Рајчичка Обител, утврдувајќи го сестринството и присутните верни со благодатни сили за духовни подвизи во постот, преку свечената архиерејска Литургија, отслужена од нивниот старец и владика, Антанискиот Епископ Партениј. Голема беше радоста на присутните во храмот на Победоносецот, што се удостоија да ја примат благодатта од ...
Read More »Розови фламинга во посета на Преспанското Езеро
Утрово на Преспанското езеро забележани се пет розови фламинга кои најверојатно одмораат од патот за каде што тргнале, соопштија од Македонското еколошко друштво (МЕД). Птиците беа забележани во село Езерани каде нискиот водостој им овозможува соодветни услови за одмор за време на миграцијата. Фламингата не гнездат во Македонија но досега се забележуваат повеќе пати на прелет. Прв податок за нивно ...
Read More »Почнува Богородичниот пост
За православните христијански верници денеска почнува двонеделниот Богородичен пост, кој е посветен на Успението на Пресвета Богородица. Овој пост е востановен во молитвено сеќавање на Пресвета Богородица, а со цел во периодот на неговото времетраење уште поинтензивно да се изискува молитвеното застапништво од Пресветата Богомајка. По својата временска должина тоа е најкраткиот од четирите годишни пости и трае 15 дена, ...
Read More »Македонија: Шеесет и девет години од убиство на петте струмички студенти
На 13 август 1951 – Кај селото Дорломбос на планината Беласица, со образложение на тогашната власт дека сакаат да бегаат преку граница, убиени се пет струмички студенти, членови на ВМРО, и тоа: Мирко Пецев, Борис Белев, Стево Топчев, Ѓорѓи Јарамов и Ѓорѓи Костуранов. Случајот со петте струмички студенти кои една августовска вечер во 1951 година беа насилно собрани од струмичкото ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden