Македонија

Илинден најсветлиот датум во историјата на Македонскиот народ

Илинденското востание во 1903 и Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, се два најголеми историски моменти за Република Македонија кои се имаат случено на 2 август, на ден Илинден. Тоа го прави Илинден да биде најголемиот ден на слободарскиот дух од сите денови и празници на Македонија и највеличествениот ден на сенародниот македонски копнеж за борба и слобода на ...

Read More »

Македонија: 107 години од Букурешкиот договор

На денешен ден, пред 107 години, на 10 август 1913 година, во Букурешт, Романија, завојуваните страни во Првата и Втората Балканска војна 1912-1913 година, потпишаа мировен договор, познат како Букурешки мировен договор, со кој се санкционира поделбата на Македонија и Македонскиот народ меѓу Бугарија, Србија и Грција, дел остана и во Албанија. На Меѓународната конференција во Букурешт од 28 јули ...

Read More »

Светскиот Македонски Конгрес најостро ја осудува одлуката на Апелациониот суд во Благоевград за забрана на Здружението на Македонците

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро ја осудува одлуката на Апелациониот суд во Благоевград за забрана на Здружението на Македонците регистрирано под името “Граѓанското здружение за заштита на основните индивидуални човекови права“, а по барање на Окружното јавно обвинителство во Благоевград заради “кршење на Уставот на Република Бугарија“. СМК смета дека одлуката на Окружниот суд во Благоевград е во спротивност со меѓународното ...

Read More »

Македонија: Продолжуваат истражувањата на кралската гробница во прилепско Бонче

Кралската гробница од античкиот археолошки локалите во Бонче во Прилепско има континуитет на некрополи од речиси 2500 години, констатираат археолозите кои деновиве ги продолжуваат истражувањата на локалитетот. Локалитетот се истражува 15-тина години. Според гробницата, знаеме дека тука е погребан, со сите почести, голем пелагонски великодостојник, вели професор доктор Антонио Јакимоски од Институтот за археологија при Филозофскиот факултет во Скопје. Археолозите ...

Read More »

Дваесет и пет години од монашењето на нашиот Старец Партениј (ВИДЕО)

Пред 25 години, на 5 август 1995 година, на Вечерната богослужба во чест на Светата Маченица Христина, во преславниот храм на Чесниот Претеча во Свештениот Бигорски Манастир, нашиот Старец, Игумен и Владика, Неговото Преосвештенство, Епископот Антаниски г. Партениј го прими на себе светиот рамноангелски образ. Свештениот и превозвишен чин на монашкиот потстриг беше извршен од нашиот сакан и почитуван архипастир, ...

Read More »

Министерството за одбрана: Македонските војници во Либан се безбедни

Министерството за одбрана изрази длабоко сочувство за жртвите во разорната експлозија во Бејрут и информира дека нашите војници во УНИФИЛ во Либан се безбедни. „Министерството за одбрана изразува длабоко сочувство за жртвите во разорната експлозија во Бејрут, Либан. Ве информираме дека припадниците на Армијата на Македонија во мисијата на Обединетите нации во Либан, УНИФИЛ, се безбедни и сигурни“, се наведува ...

Read More »

Македонија: Конституирано Собранието – почнуваат преговорите за нова влада

Под посебни здравствени протоколи, во пространата собраниска сала „Големата купола“ денеска се одржа конститутивната седница на десеттиот парламентарен состав. Претседател не беше избран бидејќи се уште нема формирано парламентарно мнозинство за избор на нова влада. Со маски на лицето и дезинфицирани раце, со претходно измерена нормална телесна температура, новите народни избраници седнаа во пратеничките столчиња. Поради пандемијата со ковид19, конститутивната ...

Read More »

Се одржа 49. Светска Македонска Иселеничка средба и 40. Погранична средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Трново

Во организација на Матицата на иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија – Битола, Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН и Светскиот Македонски Конгрес, вчера на 2 август во дворот на македонската православна црква “Успение на Пресвета Богородица“ во потпелистерското село Трново, битолско, се одржа 49. Светска Македонска ...

Read More »

Ѓорѓе Иванов: Слободата не се освојува еднаш засекогаш, туку секој ден и постојано

Поранешниот претседател на Македонија, д-р Ѓорѓе Иванов, испрати честитка по повод празникот Илинден. „Републиката е на народот, бидејќи од него извира сувереноста и во него се слева сувереноста. Република Македонија не е приватна сопственост та некој да тргува со неа, со нејзините атрибути и вредности. Република Македонија не е личен имот та некој да ја распродава. Република Македонија не е ...

Read More »

Честитка од Светскиот Македонски Конгрес за најголемиот Македонски празник Илинден

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) по повод трите илиндена – Херонеја (338 г.п.н.е.) Крушево (1903 година) и Свети Отец Прохор Пчињски (1944 година) – упатува семакедонска илинденска честитка за Денот на државноста на Македонија до Македонците, по род и државјанство, во сите делови на Македонија, во светот и татковината! СМК повикува на семакедонско помирување и обединување, заради одбрана на името на ...

Read More »