Македонија

Работна средба на градоначалниците на Демир Хисар и албанскиот град Клос

Градоначалникот на Општина Демир Хисар Марјанче Стојановски оствари работна посета и средба со градоначалникот на Општина Клос Илми Хоџа, а во функција на заедничкиот прекуграничен проект „Откривањето на скриените атракции“. Од Општина Демир Хисар информираат дека на средбата се разговарало за реализација на проектот, за планот за развој на заеднички производи за туризам и подготовка на патеки за пешачење и велосипедизам на околните рурални области ...

Read More »

Македонската Алијанса упатува честитка по повод Меѓународниот Ден на мајчиниот јазик

Македонската Алијанса упатува честитка до сите браќа и сестри Македонци во Татковината и ширум светот, да го славиме нашиот древен Македонски јазик и да им покажеме уште еднаш на сите дека не постои сила која може да ни го одземе идентитетот. Сите заедно да ги славиме и паметиме нашите просветители Светите браќа Кирил и Методиј кои се заслужни за Македонската ...

Read More »

Македонија 2025 доделува шест стипендии за кариерно усовршување на извршни директори и менаџери во САД

Меѓународната невладина организација Македонија2025 го објави повикот за аплицирање на престижната Програма за извршни директори – Зафировски, преку која се доделуваат стипендии за светски познатата Келог-школа за менаџмент (Kellogg School of Management) во САД. Кандидатите ќе имаат можност да изберат помеѓу две тринеделни обуки: програма за развој на извршни директори или програма за корпоративно управување. Програмата за развој на извршни директорисе фокусира на подобро разбирање на окружувањето во ...

Read More »

Македонија: Јавен повик од ДИК за пријава и увид во Избирачкиот список за гласање во странство

Државната изборна комисија (ДИК) објави јавен повик за пријава и увид во Избирачкиот список за гласање во странство за предвремените парламентарни избори. Во повикот, македонските државјани кои се на привремена работа или престој во странство се информираат дека на 12 април ќе се одржат предвремени избори и дека гласањето во ДКП-та и конзуларните канцеларии ќе се одржи на 11 април. ...

Read More »

Началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Италија во официјална посета на Армијата на Македонија

Началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Италија, генерал Енцо Вeчиарели, на покана од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, престојува во официјална посета на Армијата на Македонија. Генералот Вечиарели, по пречекот со високи воени почести оствари средби со својот домаќин, генералот Ѓурчиновски и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, по што следуваа официјални разговори во присуство на делегацијата ...

Read More »

Македонија: Собранието се распушти, изборите на 12 април

Собранието попладнево едногласно со 108 гласа „за” ја донесе одлуката за самораспуштање во пресрет на најавените предвремени парламентарни избори закажани за 12 април 2020 година. Одлуката за самораспуштање беше поднесена од спикерот Талат Џафери, кој во своето обраќање рече дека по направената консултација на 10 февруари со Државната изборна комисија, денешниот ден е последен рок за распуштање на Парламентот. Одговорот од ...

Read More »

ЕПП: Треба да се направи сè за да се одржат слободни и фер избори на 12 април

Европската народна партија порача дека одблизу ги следи случувањата во Македонија. Од таму велат дека треба да се направи сè за да се одржат слободни и фер избори на 12 април. Ние внимателно ги набљудуваме важните реформски напори. Треба да се направи сè за да се овозможи да се одржат слободни и фер избори на 12 април како што е договорно, ...

Read More »

Амбасадорот на Македонија во Албанија, Марковски ќе ја претстави платформата за дипломатски активности пред собраниската Комисија за надворешната политика

Собраниската Комисијата за надворешната политика во Собранието на Македонија денеска ќе одржи седница, на која ќе бидат претставени платформите за дипломатски активности на амбасадорите на Македонија во Албанија, Косово, Катар, Кралството Данска, при Мисијата на Обединетите Нации во Женева и при Мисијата во Советот на Европа, Стразбург. Пред членовите на Комисијата платформата за дипломатски активности ќе ја претстави и амбасадорот Данчо ...

Read More »

Милевски: Со ИПА II градиме добрососедски односи преку меѓуграничната соработка со Албанија

Девет реализирани проекти и пет нови кои почнуваат од 2020 година е резултатот на Програмата за прекугранична соработка, помеѓу Македонија и Албанија 2014-2020 како дел од претпристапна помош поточно ИПА фондови.Програмата ИПА II ја поддржува прекуграничната соработка во поглед на унапредување на добрососедските односи, негување на интеграција кон Унијата и унапредување на социоекономскиот развој, потврди министерот за локална самоуправа Горан ...

Read More »

Птиција за спас на Преспанското Езеро

Граѓаните бараат спас за Преспанското Езеро преку онлајн-петиција, која до објавувањето на веста имаше повеќе од 1.200 потписници. Повод за петицијата со назив „Да го спасиме Преспанското Езеро од пресушување“ претставува катастрофалната состојба во која се наоѓа езерото поради намалувањето на нивото на водата, како што наведува Мартина Петковска која ја покрена петицијата. Да ја потпишеме оваа петиција за да ги ...

Read More »