Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, упати сочувство до семејствата на загинатите патници во трагичната сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово. Почитувани, Со длабоко жалење и тага ја примив веста за трагичната сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Тетово, што се случи попладнево. Во овие тажни мигови дозволете да изразам најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите патници. Моите мисли ...
Read More »Македонија
Изложба по повод 25-годишнината од дипломатските односи меѓу Република Македонија и Руска Федерација
По повод 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Руската Федерација и Република Македонија денеска ќе биде отворена изложба во Македонската филхармонија. Изложбата, е посветена на историјата на руско-македонските односи, а е изготвена во соработка со Државниот архив на Република Македонија.
Read More »Македонија: Тринаесет загинати по автобуската несреќа на автопатот Скопје – Тетово
Вкупно 13 лица се загинати, седум на лице место, а шест подлегнале на повредите во болница во тешката сообраќајка што се случи на патот Скопје-Тетово кај Карпалак соопшти вечерва министерот за здравство Венко Филипче. Како што изјави Филипче кој и самиот веднаш се упатил на местото на несреќата, медицински екипи реагирале веднаш и им укажале помош на повредените. Во болница ...
Read More »Началникот на ГШ на АРМ во посета на командата на КФОР во Приштина
Делегација на Армијата на Република Македонија (АРМ) предводена од Началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски, денес оствари редовна планирана посета на командата на КФОР во Приштина. За време на посетата генералот Ѓурчиновски оствари средба и разговори со командантот на КФОР, генерал-мајор Лоренцо Д’Адарио, која е прва нивна официјална средба по назначувањето на генерал Д’Адарио за командант на КФОР ...
Read More »По десетти пат Школа за млади лидери на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов
Вкупно 40 учесници и над 20 предавачи од Македонија, Европа и светот ќе бидат дел од 10-та Школа за млади лидери, што по иницијатива на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, ќе се одржи од 11 до 22 февруари во Струга. Програмата на школата опфаќа предавања и обуки во сферите на лидерството и менаџментот од страна на еминентни предавачи ...
Read More »Денеска се одбележуваат 147 години од раѓањето на Гоце Делчев Македонскиот револуционер
Македонците во татковината и во светот одбележуваат 146 години од раѓањето на великанот на македонското револуционерно движење во дваесеттиот век Гоце Делчев. Идеологот на македонската револуционерна борба е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, Егејскиот дел на Македонија, во семејството на Султана и Никола Делчеви. Визионерот, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за ...
Read More »Преспанското Езеро има 61 вид заштитени птици
На 1 февруари, Светскиот ден на водните живеалишта, Македонско еколошко друштво(МЕД) и Општина Ресен потсетуваат на важноста на овие живеалишта и посебноста на Преспанското езеро. „На Преспанското Езеро се среќаваат шеесет и еден вид птици кои се на листата на заштитени видови од Бернската Конвенција. Поради ова, Општина Ресен како управувач со подрачјето, презема сет на мерки и активности за ...
Read More »Захарова: Русија ја признава Република Македонија под нејзиното уставно име
Спорното прашање за името на Република Македонија треба да се реши на начин прифатлив како за Скопје, така и за Атина, изјави денеска портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова. На брифинг за новинарите во Москва, таа повторно обвини за мешање на западните земји во решавањето на спорот, како што наведе, со единствена цел да го внесат ...
Read More »Професорката Гордана Силјановска официално поднела кандидатура за претседателски кандидат
Професорката Гордана Силјановска, пратеникот Влатко Ѓорчев и Филип Петровски, се тројцата чии пријави на повикот за претседателски кандидат се стигнати засега во ВМРО-ДПМНЕ, велат неофицијално партиски извори за Македонски весник “Илинден”. Рокот за пријавување истече синоќа на полноќ, но во партијата ќе почекаат да не стигне некоја пријава пратена по пошта, па најдоцна до 5 февруари ќе се знаат сите ...
Read More »Претседателот Иванов на одбележувањето на христијанскиот празник Св. Атанасиј Велики во Тетово
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска во црквата „Св. Атанасиј” на Тетовското кале присуствуваше на црковно-народната прослава на големиот христијански празник Св. Атанасиј Велики. Претседателот Иванов во црквата „Св. Атанасиј” присуствуваше на света божествена литургијa и на церемонијата на осветување на празничниот колач. Македонскиот претседател на присутните граѓани им го честиташе големиот христијански празник и им посака здравје, ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden