Нашите односи со пријателите продолжуваме да ги градиме на уште повисоко ниво. Посветено работиме на реформските процеси, државата ја упатуваме во вистински правец на просперитет, а процесите се силно подржани од нашите партнери Владата на Унгарија, истакна вицепремиерот Алекандар Николоски утрово на средбата со министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто. Министерот Сијарто е во работна посета на Македонија, ...
Read More »Македонија
Игуменот Георгиј едногласно избран за нов Митрополит на Дебарско-кичевската епархија
Неговото Високопреподобие игуменот Георгиј (Ѓорѓевски) е едногласно избран за нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија на денешната седница на Светиот Архијерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија. Тронот на Дебарско-кичевската епархија беше упразнет по упокојувањето на Митрополит Тимотеј во ноември минатата година. Денот на ракополагањето во епископски чин на новоизбраниот митрополит Георгиј ќе биде дополнително соопштен. Биографија на митрополитот ...
Read More »Средба Николоски – Ле Риголер: Работиме на унапредување на економската соработка меѓу Македонија и Франција. Остануваме фокусирани на европската перспектива на земјата
Потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со заменик министерката Калтрина Зеколи Шаќири, денеска остварија работна средба со амбасадорот на Француската Република, Кристоф Ле Риголер. На средбата на која се потврдија добрите билатерални односи меѓу двете земји, беа разменети меѓусебни мислења и ставови за политичките и економски прашања во земјава и регионот. Вицепремиерот Николоски го истакна пријателството ...
Read More »Kонкурс за доделување на студентски стипендии за Македонците во соседството за студиската 2025/2026 година
Министерството за образование и наука објави Конкурс за доделување 50 студентски стипендии за македонско потекло кои живеат во Албанија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Косово, Турција, Романија, Црна Гора и Грција. Врз основа член 51 од Законот за студентски стандард („Службен весник на Република Македонија” бр. 15/13, 120/13, 41/14, 146/15, 30/16, 178/16, 64/18, 20/19 и „Службен весник на Република ...
Read More »Началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Унгарија, во официјална посета на Македонија
Делегација на Вооружените сили (ВС) на Унгарија, предводена од началникот на Генералштабот на ВС, генерал Габор Беренди престојува во дводневна официјална посета на Армијата на Република Македонија. По приемот со високи воени почести, во Кампот за обука на вода во Охрид, генерал Габор Беренди оствари средба со својот домаќин, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски. На средбата се ...
Read More »Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски оствари средба со амбасадорот на Република Албанија во Македонија, Денион Мејдани
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија, Тимчо Муцунски денеска оствари средба со амбасадорот на Република Албанија во земјава, Н.Е. Денион Мејдани. Во фокусот на разговорот беше значењето на интеграцијата на регионот во Европската унија, при што беше нагласено дека успешно заокружување на европската перспектива на земјите од Западен Балкан ќе придонесе за понатамошен развој, стабилност и ...
Read More »Тошковски: Целосно реновирани управните служби во зградата на МРТВ во Скопје, граѓаните ќе добиваат брзи и ефикасни услуги какви што заслужуваат
Министерот за внатрешни работи на Македонија, Панче Тошковски денеска заедно со раководството на Министерството го пушти во употреба реконструираното Одделение за управни работи – Скопје кое се наоѓа во зградата на МРТВ. На настанот на кој присуствуваше и претседателот на Владата проф.д-р Христијан Мицкоски, министерот Панче Тошковски образложи дека Одделението за управни работи е во надлежност на Министерството внатрешни работи ...
Read More »Пратениците Ристески, Битиќи и Демири на 12.Пленарна сесија на ПС на ПСЈИЕ во Тирана
Собраниска делегација во состав: Петар Ристески, Фатмир Битиќи и Илир Демири, членови на Делегацијата во Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПС на ПСЈИЕ), учествува на Дванаесеттата Пленарна сесија на ПС на ПСЈИЕ, што се одржува од 8 до 10 јуни 2025 година во Тирана, во рамките на Албанското претседателство со ПСЈИЕ. На сесијата учествуваат претставници на ...
Read More »Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија, Тимчо Мучунски престојува во работна посета на Астана, Казахстан
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија, Тимчо Мучунски, денеска престојува во работна посета на Астана, Република Казахстан, со фокус на унапредување на економските и политичките односи помеѓу двете земји. Во рамки на посетата, министерот Мучунски, заедно со директорот на Технолошко-индустриските зони, Гоце Димовски, и националниот координатор за туризам, Акан Махмуд, учествуваше на тркалезна маса организирана од Меѓународниот ...
Read More »Министерот Лимани во посета на Корча, најави отворање македонски конзулатот во Корча
Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани денеска престојуваше во Корча, Албанија на официјалниот почеток на туристичката сезона, со познатиот маскенбал од Корча. Во изјава за албанските медиуми тој најави дека се во тек активности за отворање македонски конзулат во овој град, во југоисточна Албанија. Ја разгледуваме можноста за отворање конзулат тука што ќе биде можност повеќе за ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden