Свет

Започна реставрацијата на Базиликата на Светиот гроб во Ерусалим

Започнаа опсежни реставраторски работи на камениот под на Базиликата на Светиот гроб во Стариот град во Ерусалим. Портпаролот православна црква, Иса Муслех, изјави дека реновирањето би можело да потрае до три години и дека ќе чини околу 11 милиони долари, пренесуваат агенциите. Парите за проектот за поправка или замена на скршените камени плочки ги донираа, меѓу другите, Италија, јорданскиот крал ...

Read More »

СЗО: Сè уште е далеку крајот на пандемијата

Портпаролката на Светската здравствена организација Маргарет Харис денеска изјави дека е далеку крајот на пандемијата со Ковид-19. Дефинитивно сме на половина пат од пандемијата, истакна Харис. По повеќе од еден месец пад на бројот на инфицирани со коронавирусот, минатата недела е забележан пораст на случаите, како и повторно воведување на карантин во Азија и во една кинеска провинција. Здравствената агенција ...

Read More »

Москва и Киев блиску до компромис

Москва и Киев се приближуваат до компромис во преговорите, изјави за „Комерсант“  советник на шефот на кабинетот на претседателот на Украина. Според член на украинската преговарачка група, страните во дијалогот почнале да подготвуваат договори чии детали се уште не се откриени, пренесе РИА Новости. Веднаш штом ќе се разработат правните формати, ќе биде закажана средба, односно четврта рунда преговори. Тоа може да ...

Read More »

Кина затвори град од девет милиони жители поради Ковид-19

Кина денеска нареди затворање на североисточниот град Чангчун – град со девет милиони жители, во услови на ново зголемување на бројот на случаи на Ковид-19 во областа. Од жителите се бара да останат дома и да поминат три рунди на масовно тестирање, додека несуштинските активности се затворени и транспортните врски прекинати. Кина денеска пријави уште 397 случаи на локално пренесување на ...

Read More »

Се урна воен дрон во Загреб

Фотографија: www.telegram.hr Силен тресок синоќа нешто по 23 часот се слушна во Загреб, а хрватските медиуми јавуваат дека на земјата е видлив голем кратер и дека очигледно нешто удрило во земјата и експлодирало. Според дел од медиумите, повикувајќи се на добро упатени извори, според досега собраните информации од надлежните служби, на загрепски Јарун паднал воен дрон. Пронајдени се два и ...

Read More »

Каталин Новак избрана за претседател на Унгарија

Унгарскиот парламент денеска ја избра Каталин Новак од владејачката партија Фидес за нов шеф на државата, со што стана првата жена избрана на таа функција во историјата на Унгарија. Новак е избрана за петгодишен мандат, откако на парламентарното гласање го победи економистот Питер Рон. Новак (44) досега ја извршуваше функцијата министер без ресор задолжен за семејни прашања. Таа ќе ја ...

Read More »

Русија го напушта Советот на Европа

Русија повеќе нема да учествува во Советот на Европа, соопшти руското Министерство за надворешни работи, цитирано од новинската агенција ТАСС. Во соопштението на Министерството се наведува дека земјите од НАТО и Европската унија го поткопуваат европското тело дизајнирано да ги поддржува човековите права, владеењето на правото и демократијата. Советот на Европа на 25 февруари одлучи да го суспендира учеството на ...

Read More »

Најмалку 20 загинати во големите поплави во Австралија

На десетици илјади жители на Сиднеј им било кажано да ги напуштат своите домови поради големите поплави. Во последните две недели Нов Јужен Велс и Квинсленд се погодени од обилни дождови кои предизвикаа поплави во кои животот го загубија 20 лица. Ситуацијата сега се влошила и во Сиднеј. Повеќето од загинатите биле пронајдени или во поплавени куќи или во автомобили ...

Read More »

Германскиот канцелар Шолц: Европа не може да функционира без рускиот гас и нафтата

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека увозот на енергенси од Русија е клучен за секојдневниот живот на европските граѓани и оти во моментот континентот не може да ги обезбеди на друг начин. Додека во САД и во ЕУ се разговара за санкции против руските енергетски извори како одговор на инвазијата врз Украина, снабдувањето на енергија на Европа за греење, ...

Read More »

Русија објави список на непријателски земји

Владата на Руската Федерација го одобри списокот на странски земји и територии кои „вршат непријателски дејствија против Русија“, соопшти прес-службата на Кабинетот на министри. Владата одобри список на странски земји и територии кои вршат непријателски дејствија против Русија, руските компании и граѓани. Наредбата за тоа е потпишана – се наведува во соопштението. На списокот се Австралија, Андора, Албанија, Македонија,Велика Британија, ...

Read More »