Свет

Иранската вакцина е ефикасна 90 отсто

Иран објави дека првичните резултати од клиничките испитувања покажале дека нивната прва вакцина против Ковид-19 е ефикасна во 90 проценти од случаите. Мохамед Реза Салехи, кој ги предводи клиничките испитувања за „КОВИран Барекат“, за иранската агенција ИРНА изјави дека тестовите врз волонтерите кои учествувале во првата фаза од тестирањето покажале подобри резултати отколку што се очекувале. Прелиминарните резултати покажуваат дека ...

Read More »

Директорoт на СЗО за Европа: Епидемијата ќе заврши на почетокот на 2022 година

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге, изјави дека епидемијата на Ковид-19 ќе заврши на почетокот на 2022 година. Во интервју за данската државна телевизија ДР, Клуге истакна дека и 2021 ќе биде година на Ковид-19, но година во која ќе биде многу полесно да се справуваме со епидемијата во споредба со 2020 година. Клуге верува дека ...

Read More »

Русија ја регистрира и третата вакцина против ковид-19

Министерството за здравство на Русија ја регистрираше и третата вакцина против ковид-19, наречена КовиВак. Оваа вакцина ја произведе Федералниот истражувачки центар за истражување и развој на имунобиолошки препарати „М.П. Чумаков“. Премиерот на Русија Михаил Мишустин изјави дека првите 120 илјади дози ќе бидат пуштени во употреба во првата половина на март и ќе бидат наменети за домашниот пазар. Тој вели ...

Read More »

Во Данска и Германија уапсени 14 лица под сомнение дека планирале терористички напади

Данските власти во петокот соопштија дека 13 лица се наоѓаат во истражен притвор под сомнение дека планирале еден или повеќе терористички напади во Данска или Германија, која пак уапси едно лице. Осомничените се приведени во голема антитерористичка акција викендов и се обвинети за „набавка на супстанции и компоненти за производство на експлозив и друго оружје“ или за учество во планирање ...

Read More »

Црна Гора ќе ја увезе руската вакцина Sputnik V

Денес Црногорскиот институт за лекови и медицински помагала (ЦИНМЕД) издаде согласност за увоз на руската вакцина Sputnik V. Вакцината Sputnik V се дава во две дози, со разлика од 21 ден. Првите дози, како што објави „Вијести“, ќе пристигнат во Црна Гора во текот на следната недела. „Постапувајќи во согласност со Одлуката на Владата за условите за давање согласност за набавка на вакцина ...

Read More »

Ковид карантинот во Германија продолжен до 7 март

Германската канцеларка Ангела Меркел и премиерите на 16 покраини во земјата вечерва се договорија да го продолжат локдаунот во земјата до 7 март. Мало олеснување на мерките единствено за фризерите. Германија останува под строги ограничувања поради пандемијата на коронавирусот уште најмалку околу еден месец, одлучија вечерва водечките политичарите во земјата. Според договореното на денешната видео-конференција на канцеларката Меркел со премиерите на покраините, ограничувањата кои ...

Read More »

Пандемијата и изборите го одложуваат пописот во Косово за 2022 година

Директорот на Агенцијатра за статистика на Косово, Авни Кастрати, рече дека пописот, кој требаше да се одржи оваа година, ќе се реализира дури во 2022 година, пренесува Радио Слободна Европа. Заради пандемијата предизвикана од Коронавирусот и Локалните избори кои ќе се одржат во Октомври оваа година, оптимален датум за пописот би бил месец Април 2022 година, но и понатаму не ...

Read More »

САД се враќаат во Советот за човекови права на ОН

САД објавија дека повторно ќе се приклучат во Советот за човекови права на Обединетите нации, како набљудувач. Тоа беше најавено од страна на вршителот на должност во американската мисија при ОН во Женева, на крајот на денешната седница на Советот. „Задоволство ми е да ве известам дека секретарот (Ентони) Блинкен ќе објави дека Соединетите Држави повторно ќе се приклучат на ...

Read More »

Во светот расте интересот за руски и кинески вакцини

Додека земјите во светот ги подготвуваат своите програми за вакцинирање, Русија и Кина го пополнуваат „вакуумот за вакцини“ оставен отворен од Западот. Доцнењата во производството и убавите вести за нивните вакцини се чини дека им нудат на Русија и Кина подобра глобална позиција. Една нова студија ѝ помогна на водечката руска вакцина против коронавирусот да се заборават критиките за нејзиното ...

Read More »

Унгарија ја одобри руската вакцина

Унгарскиот национален центар за јавно здравје ја одобри употребата на руската вакцина против коронавирус „Спутник В“ во таа земја, објави унгарскиот министер за човечки ресурси, Миклош Каслер. Како што наведе во објава на Фејсбук, Центарот ја завршил официјалната проценка на вакцината, пришто било заклучено дека ги исполнува стандардите за квалитет и може да се користи на луѓето. Во Унгарија досега ...

Read More »