Владата на Германија ќе и додели грант од четири милиони евра на Албанија за санација на последиците од земјотресот кој се случи на 26 ноември.
Амбасадата на Германија во Тирана ја информираше денеска и официјално владата на Албанија дека Берлин ќе помогне во реконструкција после страшниот земјотрес на 26 ноември со грант од четри милиони евра преку Германската Банка за Развој. Со грантот ќе се обноват училиштата и јавните згради во согласност со најновите стандарди за сигурност и енергетска ефикасност.
Во врска со оваа помош германскиот амбасадор, Петер Зинграф рече дека Германија ќе и помогне на Албанија во изградбата на училиштата и јавните инситуции. Овој грант е еден од елементите од германската помош после земјотресот од 26 ноември кој трауматизираше многу Албанци. Реконструкцијата ќе служи за враќање на нормалноста и секојдневниот живот- рече Зинграф.