Делегација на Македонска алијанса за европска интеграција во посета на Македонците во Голо Брдо (ФОТО)

Делегација на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, предводена од претседателот, Васил Стерјовски, денеска ги посети Македонците во административната единица Требиште, област Голо Брдо. Од Македонците кои што живеат во оваа административна единица непосредно бевме запознати со многуте проблеми со кои се соочуваат и за кои бараат што побрзо надминување. Едно од нивните барања беше граничнот премин Џепиште-Требиште на македонско – албанската граница,кај Дебар да функционира 24 часа, изјави, Стерјовски. Граничниот премин за локален граничен сообраќај Џепиште – Требиште отворен е во мај 2013 година и работи од 8 до 20 часот во летниот период и од 8 до 18 часот во зимскиот период и може да минуваат само жителите од пограничниот регион на двете држави.

Според жителите од областа со преминувањето од локален премин од трета категорија, во регионален премин од втора категорија, многу ќе им се помогне бидејќи ќе се зголеми економската соработка меѓу жителите од двете страни на границата, а и поголем број туристи ќе ја посетуваат областа Голо Брдо, која изобилува со природни убавини. Според Стерјовски на средбата се посочени и други проблеми,пред се од ифраструктурен карактер. За сите нивни барање и проблеми со кои се соочуваат Македонците во Требиште и во целата област Голо Брдо од мое име и во име на партијата Македонска алијанса за европска интеграција ветив дека ќе ги покренам во албанското Собрание и другите албански институции, посочи Стерјовски, кој е пратеник во албанскиот законодавен дом.

Advertisement