Досега потврдени 10 жртви во пожарот ковид – болница во Тетово

Десет загинати досега се потврдени во пожарот кој го зафати модуларниот ковид – болница во Тетово околу 21 часот, но бројката може да порасне, соопшти Министерството за здравство и апелира да не се шпекулира со бројките. Според информациите од Тетовската болница, во модуларната единица имало вкупно 24 пациенти во моментот на пожарот.

„Ова е многу тажен ден, министерот за здравство д-р Венко Филипче, изразува најдлабоко сочувство до семејствата. Лекарите се борат за животите на повредените, да им посакаме среќа и да останеме со мислите со нашите сограѓани вечерва“, велат од Министерството.

Во страотната несреќа има и голем број повредени кои итно се транспортираа во Скопје.

Според Сашо Трајчевски, заменик-командир на тетовската противпожарна единица, пожарот започнал внатре во болницата, многу брзо се ширел, а пламените јазици беа огромни бидејќи во неа има пластика, додека имало и експлозиите од боците со кислород. Пожарот беше изгасен околу 21.45 часот, со 7 возила и над 30 пожарникари. Трајчевски кажа и дека загинатите се ваделе уште додека траело гасењето.

Advertisement