Екслузивно: Полицијата потврди Никола Груевски преку Албанија се упатил во Црна Гора

Поранешниот премиер и поранешен претседател на ВМРО–ДПМНЕ актуелен пратеник Никола Груевски преку Албанија се упатил во Црна Гора. Албанската полиција потврдува дека тој ја напуштил Албанија во неделата вечер на 11-ти ноември во 19:11часот во дипломатско возилото со регистарска табличка CD1013A преку граничниот премин Хани Хоти во Црна Гора. Тој патувал со автомобил од Унгарската амбасада во Тирана во кој покрај возачот имаше и работник на амбасада, опремен со дипломатски пасоши, кои се вратија во Албанија за помалку од еден час. Албанската полиција спроведува проверки и открива кога и од која точка на границата, поранешниот македонски премиер влезе во Албанија. Македонските власти издадоа налог за апсење на 12 ноември, откако тој не се појави доброволно.- стои во соопштението на Албанската полиција