Европскиот парламент апелираа до Албанија за брзо затворање на прашањето за имотот на малцинствата

 

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан апелирал до Албанија што побрзо да ја затвори процедурата за враќање и компензација на имотот на малцинствата. Во одговор на прашањето на потпретседателот на Европскиот парламент Димитрис Пападимоулис, во врска со проблемот околу имотот на малцинствата во Албанија, прашање кое е опфатено во последниот извештај за Албанија, Хан наведе дека „овој процес не е гарантиран“.

Според Хан, Брисел од блиску го набљудувал процесот на подготовка на законот за заштита на малцинствата и оти овој процес опфаќа политички консултации, како и помош од меѓународна техничка експертиза. Грчкиот европратеник се задржал и на прашањето на слободата на изразување, борбата против корупцијата и организираниот криминал во Албанија,слободата на медумите, како и заштитата на поединците, локалните заедници и малцинствата од нетранспарентните одлуки

Advertisement