Германските компании Македонија атрактивна за бизнес

Најголем број германски компании би инвестирале во земјава, но сегашната економската состојба ја оценуваат како лоша. Велат дека политичката криза мора брзо да се реши за да се подобри економската слика.

Македонија е атрактивна локација за германските инвестиции, велат повторно би вложувале ако се реши политичката криза, што силно силно влијае на економијата. Дури 51 насто од анкетираните фирми оценуваат, моменталната економската состојба е лоша. Сериозни проблеми правната сигурност, борбата против корупцијата, наплатата на побарувања, позитивни оценки за продуктивноста и работниот капацитет на вработените, нивните квалификации, трошоците за придонеси.

,,Добар знак е тоа што поголем дел од компаниите, дури 82 повторно би инвестирале во Македонија што е 10 проценти повеќе од лани и е важна порака до потенцијалните инвеститори. Во земјата работат повеќе од 200 фирми со германски капитал кои вработуваат 15.000 лица. Од овие причини потребно е многу брзо решение за актуелната политичка криза која силно се пресликува врз стопанството. Вкупната економска состојба само од 10 проценти од компаниите е оценета како добра, а дури 51 насто од гермнаксите фирми ја оцениле како лоша“, вели Патрик Мартенс, директор на Германаското стопанство во Македонија.

И покрај политичката криза најголем дел од германските фирми во земјава очекуваат подобрување на сопствената деловна состојба, само три проценти се со песимистички ставови. Прогнозираат и отворање на нови работни места

Со став дека на критична точка е состојбата со изнаоѓање стручен кадар, во фоксуот на Македонско- германското стопанство, имплементирање на дуалното стручно образование. Германија е најголем трговски партнер на Македонија, лани размената достигнала изнесувала 2,7 милијарди евра.

Advertisement