Хрватски Европратеник: Македонија не треба да го менува името, туку Европската унија треба да го промени својот пристап спрема Македонија

 

Постана скоро банално и не’ сериозно поновувањето на проблемот со нашето уставно име, безпотребно ставен како причина за лошите меѓусоседски односи помеѓу нашите две земји, Грција и Република Македонија. Но, ете и со тоа мораме да се носиме, зошто сме присилени.

И пред и после изборот на македонската влада, сега предводена од коалицијата на СДСМ и албанските партнери, бевме и се’ уште сме изложени на притисоци и нечесни уцени да,  ако сме сакале, а сакаме, што не е тајна, да бидеме членка во евроатланските интеграции, НАТО и Европската унија, прво сме морале да  го решиме проблемот со името на нашата држава и  идентитетот на македонскиот народ и точка.

И ‘ако барањето е недоличен преседан против сите меѓународни правни, цивилизациски и пред се’ културни норми,  “Меѓународната зедница” сепак, веќе, над сто години упорно настојува  својата намера да ја реализира по секоја цена. Дури и со вооружени и други насилнички средства.

Тоа што потполно не го постигна во времињата кога се распаѓаше Отоманската империја,   што значи бришење на македонскиот народ и неговата древна држава, втемелена во светската цивилизација и развојот на Христијанството во Европа,   сега сака , во овие времиња, да ги исправи своите неуспеси и со тоа да го реши “македонското прашање, еднаш за сакогаш”.

И тоa “доброволно”, во духот на западната “цивилизација” и придобивките од “грчката демократија”, по Рузвелтовиот принцип: во едната рака морков, а во другата стап. Пошто сето тоа, изгледа не е доволно ефикасен метод за демолирање на државата Македонија, надворешните фактори го вклучија и планот “Б”, а тоа се домашните предавници и лесно поткупливи политичари и други ситни души од интелектуалниот сегмент на македонското општество, вклучувајќи ги и најрадикалните елементи од националните малцинства, во прв ред албанските.

Ох, како тоа достоинствено и величенствено звучи!

Користејќи ги сите свои енормни злосторнички средства, од кои и планетата Земја е во “страв”, “Меѓународната заедница” со уценување и застрашување, со таа своја погана намера, бесрамно ги гази сите норми и правила на цивилизарано, правно и човеково однесување. Но, дали ќе успее, зависи од сите нас, колку не има. А не има доста, ако сме сложни!

Со цел човештвото да го прекине циклусот на  своето вечно самоуништување, заедно со ресурсите што живот значат, после завршетокот на Втората светска војна некои “паметни глави” измислија меѓународна организација под име “Обединети нации” и “Совет за  безбедност”, во кој угодно се сместија големите светски сили. Но, за џабе. Кој го плаќа ручекот, тој одредува кој каде ќе седи и како ќе се однесува кога се одлучува кого  и кога ќе го “јадат”, а тоа се САД, нашите стратешки “партнери”.

Исто така, некој нов светски поредок е измислен и донесени  се правила за универзално однесување и “заштита” на човековите права, со негови институции, меѓународен суд на правдата ит.н.т. Но, и тоа е се’ за џабе, во што се уверивме и ние со нашата победа против Грција во ХАГ. И тоа било лук и вода и радост за наивните, зошто и тој е финансиран и контролиран  од оние, кои им го плаќаат ручекот на судиите. И така, добрина по добрина, за чудење на забеганите.

E, сега да не одиме на долго и на широко, да го речеме и ова, пред да ја споменеме и нашата Маријана Петир, како добредојдена гостинка, во нашиов текст.  Цела оваа патардија со нашето име има и своја причина, а тоа е животниот интерес на Западот, кој е тесно поврзан со средноисточниот и медитерански базен и желбата да не и’ се дозволи на Русија да се “капи” во топлите води на Средоземното Море.

Па што сме ние криви за тоа? – ќе рече некој! Е, Господ е крив, или пак да речеме тоа е негово право што не сместил на нивните патишта, па им сметаме како “Славјани” слободно да си идиме и одиме на топла ракија и суви датули, односно како “Славјани”, со “намера” да им “помогнеме” на Русите, да си ги остварат нивните вековни цели. Па затоа треба да бидеме казнети од кого? Од посилниот, и ако не е во право!

Но не и само тоа. Бидејќи во свое време, кога се делеше Македонија како чоколадна торта, и од горните причини,  споменатите  сојузници без срам и намус и’ помогнаа на Грција да го земе најголемиот и најубавиот дел од колачот Македонија, со задача, да им ги чува нивните интереси од “лошите” Руси. И Грција за возврат, верно си го чува дадениот збор до ден денешен, лавовски и понатака помагана со се’ што и’ треба, како недоношче.

И уште нешто. Појавата на Република Македонија, како составен дел од поранешната Југословенската федерација, беше неочекувано изненадување, како Фениксот препороден и одново моќен за еден ден да постане нивна закана. Закана,  која ќе го постави  прашањето за правата на Македонците и враќање назад на нивните украдени  имоти заедно со македонската територија  и тоа со лихва.

Со промената на името Македонија, тој проблем повеќе не би постоел. Ќе нема кој официјално да го покрене тоа тешко прашање против Грците и  Западот, како соучесници во злосторствата  за време на Граѓанската војна во Грција, кога сите заедно ги гореа Македонците како борина, без жал и милост, но и за оние пред тоа.

Тоа го знаат и едните и другите, но не сум сигурен дали и македонскиот дел од СДСмовата коалиција тоа го знае. До колку тоа го знае, и понатака покушава да му ја витка кичмата на својот сопствен народ, за  малку пари, тогаш алтернатива за тоа ќе биде безмилосно кршење на нивната, во погодно време.

Но, за сигурно, нашата верна пријателка Маријана Петир, хрватска европратеничка, знае многу повеќе за кого и зошто се бори во Европскиот парламент. Се бори против универзалната неправда која се продава за правда и лажната демократија. Но најповеќе, зошто не’ се радува кога на соседот му ја палат куќата, а таа да седи со скрстени раце и не заинтересирана, верувајќи, дека паликуќите со тоа ќе ја завршат својата “работа” и на злосторствата ќе му биде крај.

Г-ѓата Петир, во својата изјава за развојот на настаните во Парламентот рече:

Резолуцијата за извештајот на Комисијата за Република Македонија се односи на 2016 година, а во меѓувреме, дури се чекало нејзиното усвојување, после двегодишната криза, извршени се нови предвремени парламентарни избори и Македонија добила нова Влада, чии претставници, неделава го посетила Брисел. Клучната порака за новата македонска влада била дека мора да го реши проблемот со Грција, во однос на името на македонската држава, како би се отворила вратата на ЕУ и НАТО и за неа.

Маријана Петир, како претседателка  на групата на пријателите на Република Македонија во Европскиот парламент,  во своето обраќање рекла : “Сметам, дека ваквиот пристап на Европската унија е неприфатлив бидејќи, веќе,  постана сосема јасно, дека Европската унија има двојни стандарди кога се работи за проширувањето и дека нема ниту најмалка можна намера да ја притисне Грција за да го промени нејзиниот став во поглед на проблемот со името на македонската држава.

За било каква промена на името потребен е концензус на политичките партии во земјата и изразена волја на граѓаните на референдум, кој би бил нужен за промена на државното име на Република Македонија, но се поставува прашањето, да ли се смее такво нешто да се бара од една суверена и самостојна држава?

Во 2011 година Меѓународниот казнен суд донесе одлука дека грчката блокада на отворањето на преговорите за членство во НАТО сојузот е незконска и дека Грција ја прекршила Привремената спогодба од 1995 година. И прокрај тоа, Македонија до денес нема добиено покана за пристап во НАТО сојузот, ниту и’ се отворени преговорите со Европската унија, дури ниту под привремената реферeнца ПЈРМ (FYROM).

Тоа е јасен и недвосмислен доказ дека сите други примедби и услови кои се барани од Македонија да ги исполни, како би се отвориле преговорите, беа само изговор за нешто сосема друго.

На Македонија и’ се нуди учество во регионалниот заеднички пазар на Западниот Балкан кој има за цел да ги удвостручи финансиските средства за инфраструктурата, но тоа не смее да биде алтернатива за влезот на Македонија во ЕУ и НАТО сојузот, бидејќи Република Македонија одамна заслужила да биде нивна рамноправна членка”.

И да завршам, кога ќе дојде време за прегледување на сметките и заслугите направени за опстојот или пропаста на Македонија и достоинството на македонскиот народ, народот македонски ќе знаее да ги награди или обвини за секогаш актерите на тие настани. Јас сум сигурен,  дека Маријана Петир ќе биде една од нив, која со својата биста или голем споменик ќе се најде во друштво и на видно место меѓу македонските великани.

И тоа би била заслужена награда за љубовта спрема македонскиот народ и Македонија, од една голема личност, од еден голем пријателски народ – хрватскиот.

 

Advertisement