Илир Мета играше Македонско оро во Пустец (ВИДЕО)

Албанскиот претседател Илир Мета, денеска престојуваше меѓу Македонците во општина Пустец, Мала Преспа. Тој порача дека македонското национално малцинство е богатство за Албанија. Беше пречекан од заменик-градоначалник Андон Јани, членовите на Советот на општината Пустец и претставници на Македонска Алијанса за Европска Интеграција (МАЕИ).

,,Многу е значајно да го негувате вашиот идентитет. Јас сум посветен и понатаму да го промовирам македонското малциство, кое има прекрасни вредности и традиции. Македонското малцинство ќе биде постојано во мојот фокус“,- изјави Мета по средбата.

Мета ја посети црквата „Свети Архангел и Михаил“ во Пустец каде запали свеќи за здравје,од каде го честиташе денешниот празник Св.Наум, како и божиќните празници, по што во дворот изигра и македонско оро заедно со жителите на Пустец кои му приредија срдечен пречек.