Илир Мета упати честитка до „прекрасната македонска заедница“ по повод празникот Света Марена 

Албанскиот претседател Илир Мета упати честитка до Македонците во Пустец, по повод празникот Света Марена, наведувајќи дека неговите молитви ги обединува со прекрасната македонска заедница. „Срдечна и од срце честитка до прекрасната, мирољубива и вредна македонска заедница на општина Пустец, која денес го слави празникот Света Марена, која не само што ги обединува луѓето, им дава надеж и храброст за иднината, туку и ги зацврстува нашите темели на соживотот,сто во честитката на Мета. Додава дека на овој важен ден за нив, поради ограничувањата заради пандемијата со Ковид-19 не се слави како и обично.

Ги обединувам моите молитви со оваа сакана заедница, за подобар живот, за повеќе мир и просперитет, радост и среќа во нивните семејства,напиша Мета на Фејсбук, при тоа постирајќи фотографии од неговото присуство на одбележувањето минатата година. Шефот на албанската држава лани на празникот посветен на Света великомаченица Марина (Марена), беше заедно со Македоцните на одбележувањето на патронот на манастирот „Света Марена“ во селото Туминец – Огромно е задоволство да се види толку многу народ денеска, посебно толку многу млади, кои ги негуваат традициите што некогаш беа забранети, млади кои сега гледаат со толку верба во иднината, рече меѓу другото тогаш Мета, честитајќи им го „овој свет ден“ и запали свеќа за здравје. Заедно со свештеникот Алексо Темелко ја посети и пештерската црква „Света Богородица“ на островот Мал Град.

Advertisement