Ќе се промовира монографијата „Етнографија и антропологија на Македонците „Нашинци“ од македонско – албанското пограничје“

На ден 24 август (петок) 2018 година во Битола, во Малата сала на НУ „Завод и Музеј“ – Битола, ќе биде промовирана монографијата „Етнографија и антропологија на Македонците „Нашинци“ од македонско – албанското пограничје“, на авторот д-р Мери Стојанова. Книгата е резултат на теренските истражувања и кабинетската работата на нејзината докторска теза во која акцентот е ставен врз промената на традиционалната култура на Македонците – Нашинци, во пределите Мала Преспа и Голо Брдо.

 

Advertisement