Косово: ПАН ќе има 39 пратеници, Самоопределување 31, а Лаа 30

 

Според прелиминарните резултати од вчерашните предвремени парламентарни избори во Косово, во новиот собраниски состав најголем број пратеници – 39 ќе има коалицијата ПАН, што ја сочинуваат Демократската партија, Алијансата за иднината на Косово и Иницијативата за Косово, како и десетина помали партии. Според бројот на пратеници, на второ место се најде движењето „Самоопределување“ со 31 пратеник, додека коалицијата ЛАА, што ја сочинуваат Демократскиот сојуз на Косово, Алијасата за Ново Косово и Алтернатива имаат еден пратеник помалку или 30.

Иако победник според бројот на пратенички мандати е коалицијата ПАН, сепа,к победата, како што изјави поранешниот лидер на „Самоопределување“,  Албин Курти, победник е движењето поради фактот што настапуваше самостојно и освои двојно повеќе пратенички места  споредено со бројот на пратеници во минатот парламентарен состав. Инаку, „Листа српска“ обезбеди апсолутно мнознство во загарантираните десет пратенички места за српската заедница, односно осум, додека по едно место освоија Напредната демократска партија  и Самостојната либерална партија.

Во загарантираните десет пратенички места за немнозинските заедници три  обезбеди и Турската демократска партија на Косово, а  едно пратеничко место има  партијата на Македонците од Гора „Единствена горанска партија“.

 

Advertisement