Лидерите од регионот на 27 август на средба во Драч

На 27 август 2018 година во Драч ќе се одржи средба на лидерите од регионот, премиерот Еди Рама, ќе биде домаќин на колегите од земјите од регионот, а главна тема на средбата ќе биде расправата за подготовка на заеднички регионални проекти поттикнати од берлинскиот процес. На минатогодишната средба во овој формат, која се одржа во Драч, беше присутен и заменик-преседателот на Светската банка, но досега не е потврдено неговото учество на средбата закажана за 27 август. На средбата ќе присуствуваат премиерите на Македонија, Србија, Грција, Црна Гора. На средбата ќе присуствуваат и високи претставници на ЕУ.

Advertisement