Македонска кинематографија во Солун

FILM 2017 Solun

Долгометражниот филм ,,Лазар“ на Светозар Ристовски и краткометражниот ,,Незрели цреши“ на Небојша Јовановиќ премиерно се претставија пред солунската публика, предизвикувајќи позитивни реакции.

Настанот го отвори генералниот конзул на Република Македонија Маја Апостолова Балабурски, која ги најави филмовите како особени уметнички остварувања, што обработуваат теми од современото општествено-социјално милје на нашата држава.

Прикажувањето на дела од современата македонската кинематографија беше иницирано од Генералниот конзулат, со поддршка на Агенцијата за филм, Меѓународниот филмски фестивал Киненова Скопје и Францускиот институт од Солун.