Македонската Алијанса ја подржува иницијативата на МАЕИ за гарантирани пратенички места за малцинствата во Албанија

Македонската Алијанса ги повикува најодговорните политички фактори во Татковината да застанат, поддржат и да се борат да се остварат принципиелните барања на Македонците во Албанија, кои ги соопшти нашиот пратеник, Васил Стерјовски. Претставниците на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, пред една недела имаа можност на изборната Конференција на Регионалниот Комитет на МАЕИ за Преспа да се соочат со реалноста во која живеат Македонците во Албанија.

Не молчите! Услов за коалицирање со албанските парти после 12 април треба да биде нивната јавна активна подршка за барањата на Македонците во Албанија!

Бараме, нашите браќа и сестри во Албанија да ги уживаат истите права кои ги имаат нашите сограѓани Албанци во Македонија. Загарантирани пратенички места за малцинствата во Албанија, пропорционална застапеност на Македонците во сите државни институции, органи на локална самоуправа и локална администрација каде што живеат, задолжително да има Македонски претставник во Управниот Одбор на Албанската Државна телевизија и да се отворат катедри за Македонски јазик на Државните Универзитети во Тирана и „Фан Ноли“ во Корча. Неопходно е менување на територијалната организација за да овозможиме и Голо Брдо и Гора да го повратат статусот на посебни Македонски Општини. Од 2015 година Македонците од овие региони се оставени на милост и немилост. Затоа, логично е Македонците преку локална власт самите да управуваат со овие општини, каде всушност се и мнозинство, по примерот на Пустец.

Македонската Алијанса ја поздравува првата поддршка на партијата „Ново движење“ на Ариан Галдини која соопшти дека за нив е прифатлива иницијативата за изборни реформи во Албанија, со кои малцинствата ќе добија загарантирани пратенички места.

Немоходен е гоговор за реципроцитет! Не може и понатаму Албанските политички фактор во Македонија да не се вложуваат за правата на нашите браќа и сестри во Албанија! Заедништвото врз принцип, вредности, искрена меѓусебна почит и разбирање.

Македонска Алијанса не е само партија, ние сме политичко движење со цврсти определби да опстоиме на нашите заложби и идеолошки принципи! Ние сме далеку пред времето. Обединети под исто знаме и симболи со децении ја водиме битката за зачувување на достоинството на Македонската нација низ целиот свет. – стои во соопштението потпишано од Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски.

Advertisement