
Првиот број на Македoнскиот весник “Илинден” излезе на печат во март 2011 година во Тирана. Весникот се дистрибуира во областите во Албанија, населени со етнички Македонци: Голо Брдо, Гора, Мала Преспа и Врбник, како и во поголемите градови во кои живее македонско население како Тирана, Драч, Елбасан, Поградец, Корча, Билишта, Кукс. Македонски весник „Илинден“-Тирана e глас за животот, културните и верските обичаи на македонското национално малцинство во Албанија. Македонски весник „Илинден“ има печатена верзија и е достапен на интернет преку порталот www.vesnik-ilinden.com . Сите бројеви на Македoнски весник “Илинден” се достапни и во Национална библиотека на Албанија, Националната и универзитетска библиотека (НУБ) “Св. Климент Охридски” во Скопје и Библиотеката на Институтот за старословенска култура – Прилеп
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden