Македонско друштво „Илинден“-Тирана апелира за помош за операција на Васил Јанкула, преспанскиот херој 

Вклучувајќи се во акцијата, Македонско друштво „Илинден“-Тирана, упати апел секој кој колку може да донира средства за операција на Васил Јанкула, кој поради неговата храброст и покрај болеста, познат е како преспански херој. Васил Јанкула (29), Македонец од Албанија роден е во селото Туминец, Мала Преспа.

Боледува од церебрална парализа поради породилна траума по време на породувањето и од таму и асфиксиja. Оваа болест полека почнала да биде негова препрека во животот. Но, и покрај ова опака болест позитивен дух и животен ентузијазам секогаш го водеа напред. Несакајќи оваа моја болест да го изолира и со желба да напредува во животот како и сите нормални луѓе, избра попреченоста да не го спречи активно да спортува.

Велосипедизмот е мојот втор живот, мојата преродба која ме прави среќен и ми создава голем адреналин, како и желба за нови и невозможни предизвици. Покрај болеста, сепак јас сум позитивен и не дозволувам негативните мисли да ме победат. Благодарение на мојот ентузијазам во 2018 година одлучив поактивно да спортувам и почнав да возам трицикл на различни настани и маратони, под едно мото „Сите сме исти “. Одлучив да направам еден подвиг и со мојот трицикл да ја поминам Македонија.

Успеав да ја реализирам зацртаната маршрута и така станав познат како преспански херој,вели Јанкула. Во 2019 година со трицикл испел да извози 3.000 километри за 3 месеци, што,како што вели,го направило среќен и успешен. Но, за жал, наскоро по овие достигнувања, неговото здравје почнало драстично да се влошува. Лекарите му дијагностицирале детска церебрална парализа – Спастична Квадриплегиja.

Тоа е најтешката форма на церебрална парализа која влијае на целото тело, на главата, и на рацете и на двете нозе, без ментална ретардација, меѓутоа со говорна попреченост. Бидете хумани! Секому може да му се случи, Македонско друштво „Илинден“-Тирана.

Advertisement