Македонско друштво “Илинден”-Тирана бара од владата на Албанија и Македонија да се отворри граничниот премин Стеблево – Лакајца

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо барат од владата на Албанија и Македонија да се отворри граничниот премин Стеблево – Лакајца. Македонците од Стеблево областа Голо Брдо барат од властите во двете држави да го реализираат ветувањето и да го отворат граничниот премин Стеблево – Лакајца. Да беше границата многу поубаво ќе беше за Македонците во областа Голо Брдо бидеќи секогаш на пазар одат во Струга, Охрид и затоа многу подобро ќе беше да беше границата. Патот е многу лош жителите преку Ќафасан или преку новиот премин Требиште – Џепиште. Во 1949 година жителите кажуват одеа на работа во Струга и стоката ја носеле таму. После се затвори преминот. Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо отварањето на граничниот премин Стеблево – Лакајца ќе им помогне на Македонците во Стеблево како и целата област Голо Брдо, ќе ја развие областа, од двете страни на границата. – стои во соопштението потпишано од претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај и претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Огранок Голо Брдо, Или Халилај.
Advertisement