Македонско друштво “Илинден”-Тирана промената на името Македонија ќе го загрози индетитетот на Македонците во сосеството!

Македонско друштво “Илинден” –Тирана и Македонско друштво “Илинден”- Огранок Голо Брдо најостро ја осудува најавата за договор меѓу грција за промена на името на државата Македонија и идентитетот на Македонската нација! Постојана грижа на Македонското национално малциство  во Албанија е унапредувањето на положбата и правата на Македонците.

Меѓутоа, секоја промена на името на државата Македонија и идентитетот на Македонската нација ќе го загрози идентитетот на Македонците во целиот свет, во соседните земји на Република Македонија и во Република Албанија! За жал, преговорите јасно покажаа дека Грција бара промена на македонскиот идентитет. Впрочем, власта и во Грција и во Бугарија недвосмислено изјави дека Македонија може да влезе во Европската Унија, но не и “македонизмот“.

Токму затоа, Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо отфрла било какви разговори за името на Македонија како матична држава на Македонскиот народ, затоа што името на државата е идентитетот на нацијата, а името на националноста по автоматизам се определува од името на државата!

Македонците во соседните држави на Република Македонија, го бранат своето права на постоење и апелираат до меѓународната заедница да ги одбрани нивните најосновни човекови права, во согласност со универзално прифатените и ратификувани конвенции за човекови права и да ја спречат денационализацијата врз Македонскиот народ и деловите на Македонскиот народ во соседните земји на Република Македонија!

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”- Огранок Голо Брдо, бара безусловен крај на преговорите меѓу Македонија и Грција за промена на името на државата и иденитетот на нацијата! Нашето име е Македонија, барајте да се почитува и тоа и ќе го добиеме! – стои во соопштението на Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо.

Advertisement