Македонско друштво „Илинден”-Тирана искажува подршка за Македонска алијанса за европска интеграција за престојните парламентарни избор во Алабнија

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Mакедонско друштво “Илинден” Огранок Голо Брдо го подржава Македонска алијанса за европска интеграција – МАЕИ  на парламентарните избори, во Албанија што ќе се одржат на 25.06.2017 година. Македонска алијанса за европска интеграција – МАЕИ настапува во коалиција со Социјалистичко движење за интеграција – ЛСИ. Според договорот за коалицирање помеѓу МАЕИ и ЛСИ, кандидат на листата на ЛСИ во округот  Корча е Васил Стерјовски.

Дојдено е времето Македонците во Албанија да бидат претставени во Парламентот на Албанија. Договорот на МАЕИ со ЛСИ ќе овозможи интеграција на Македонците во институциите на власта, економски развој на областите каде што живеат Македонците Голо Брдо, Мала Преспа, Гора и цела албанија, заштита на македонскиот јазик, култура и обичаи. Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Mакедонско друштво “Илинден” Огранок Голо Брдо ги повикува сите Македонци во Албанија независно од политичката припадност, да излезат масовно и да гласат за Васил Стерјовски и ЛСИ на престојните парламентарни избори за да добијат својот прв пратеник.

Advertisement