Мета му честиташе на Пендаровски за ратифкацијата на Протоколот за членство во НАТО 

Албанскиот претседател Илир Мета, на неговиот македонски колега Стево Пендаровски, му ја честитал ратифкацијата на протокот на членство на Македонија од страна на шпанскиот парламент и потпишувањето на истиот од страна на кралот Филип Наведувајќи дека со голема радост ја примил веста додава дека Македонија сега веќе е 30-та земја членка на НАТО иако тоа го заслужувала многу поодамна. „Ова е една многу радосна вест за сите нас, бидејќи членството на Македонја во НАТО е во служба на зацврстување на сигурноста, стаблноста и мирот и тоа не само во регионот.

Албанија беше меѓу првите земји што го ратифкуваа овој Протокол и отсекогаш била постојан поддржувач на вашето патување во НАТО. Ова е круна на вашите неспорни достигнувања кон стандардите што ги бара Алијансата, како и на нашите заеднички напори, дури и во рамките на Јадранската повелба, каде што нашите земји меѓусебно се поддржуваа и помагаа,пишува Мета. Изразува убедување дека Албанија и Македонија, како две соседни земји, сојузници на НАТО и со заеднички европски и евроатлантски визии „дополнително ќе ја зајакнат соработката и ќе придонесат за натамошно зајакнување на колективната безбедност“. „Честитајќи ви уште еднаш за овој извонреден настан, Ваша екселенцио, уште еднаш ја искажувам мојата огромна почит!, наведува Мета постирајќи фотографија на која се заедно со Пендаровски.

Advertisement