Мета во Пустец: Македонец ќе има и во претседатрелскиот кабинет (ВИДЕО)

Социјалистичкото движење за интеграција, (ЛСИ) гарантира претставување на македонската заедница во следниот парламент, следната влада, регионалната власт овде во Корча. Во исто време јас ви гарантирам дека ќе имате претставник од вашата заедницата и во мојот претседателски кабинет, а како шеф на државата ќе се грижам за сите проблеми на вашата заедница,- им порача на Македонците на изборен собир во Пустец, Илир Мета, новоизбран претседател на Албанија и екс лидер на ЛСИ. Поздравувајќи ги на македонски јазик, Мета рече дека задоволство му е што е тука меѓу прекрасната македонска заедница и вети немешање во внатрешните работи на Македонија и примена на повисоки европски стандарди за сите граѓани без разлика на етничката припадност.

Ние нема да дозволиме со краткотрајни и авантуристички игри да се провоцираат односите со соседите, со Македонија, со Грција и со Црна Гора, со Косово и со било кој друг. Ние не се мешаме во внатрешните работи во Македонија, ниту сакаме тие да се мешаат во внатрешните работи на Албанија, но и тие и ние имаме обврска да применуваме повисоки европски стандарди за сите граѓани кои живеат тука или таму, без разлика на етничката припадност, далеку од секој вид на дискриминација. Како претседател на сите граѓани на Албанија ќе доаѓам тука заедно да ги решаваме проблемите од секој аспект и ќе го помагам негувањето на вашите традиции, фолклор,обичаи,јазик и култура,- посочи Мета,повикувајќи ги Македонците да го дадат гласот за кандидатската листа на ЛСИ на која се наоѓа,како што рече идниот пратеник,Васил Стерјовски,за кого се изрази во суперлатив. Пред прустните зборуваше и Стерјовски, кој посочи дека од оваа коалиција,МАЕИ, ќе излезе посилна и Македонците во Албанија I посилни и поинтегрирани.

И утре кога со подршката на Македонците на нашата коалиција со Социјалистичкото движење за интеграција, ќе бидам пратеник во албанскиот парламент, ќе ја претставувам програмата на МАЕИ, програма која во многу точки се совпаѓа со програмата на ЛСИ, како што се европската интеграција на Албанија, развојот на демократијата , владеењето на правото, развојот на земјоделството, туризмот … Утре кога јас ќе бидам пратеник во албанскиот палрамент, ќе бидите горди дека токму вие со вашиот глас сте помогнале да имате свој преставник , Македонец во албанското собрание,-порача Стерјовски. Тој побара од Македонците масовно да излезат на гласање,да не се плашат од никого, и да не потпаѓаат под никави притисоци и лажни ветувања. Инаку, Илир Мета претседателската функција ќе ја превземе на 24 јули.

 

Advertisement