Преставници на Македонско друштво “Илинден”-Тирана на семинар на RYCO

Претседателот на Македонско друштво “Илинден”- Огранок Голо Брдо, Или Халилај и Фидана Ќулханџиу како преставници на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана учестуваат на информативниот семинар што беше организиран во центарот за млади во Тирана, на 27.10.2017 година. Организатор на семинарот беше Регионална канцеларија за младинска соработка – RYCO.

Регионална канцеларија за младинска соработка – RYCO е независна меѓународна институција создадена од шест земји од Западен Балкан: Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, и Србија. Сесиите ќе содржат: 1. -Презентација на намената и функционирањето на Регионалната канцеларија за младинска соработка. 2. – Општа презентација на повик за проекти. RYCO ќе преземе серија информативни семинари со граѓански организации во некои градови во Албанија, со иницијатива за поврзување на младите и поддршка во Западен Балкан.