Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана за време на конгресот освари средби со преставници на ФУЕН

Од 17-21 мај 2017 година се одржа 62-от Конгрес на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН) во Клуј-Напока, Република Романија. На Конгресот присуствувале претставници на 50 асоцијации 300 делегати на повеќе од триесет малцинства од 30 земји во Европа и 50 новинари. Покрај другите, во неговата работа учестуваше и претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај. Она што беше исклучително позитивно за Македонците во Албанија беше фактот дека резолуцијата поднесена од Македонско друштво “Илинден“-Тирана се  изгласана унинанимно од сите делегати на генералното собрание на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) ќе се достави до сите релевантни институци Република Албанија и сите релевантни меѓународните институци.

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај за време на конгресот освари средби со Лорант Винце, претседател на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН), Халит Хабип Оглу, претседател на Федерацијата на Турците од Западна Тракија во Европа и потпреседател на Федералната Унија на Европските Националности, Олга Мартенс потпреседател на Федералната Унија на Европските Националности и преставник на Германската заедница во Руска Федерација. Исто така, имаше средба и со Бернхард Зиец потпреседател на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН), поранешен генерален секретар на Домовина, Федерација на Лужичките Сорби во Германија и со Сенгиз Ковач претседател на друшто за млади на Турците во Косово.

Advertisement