Рама ја критикува Европската Унија: Го оставивте Балканот без вакцини

Премиерот Еди Рама, повторно ја критикува Европската Унија поради вакцинирањето против коронавирусот и истакна дека Европската Унија го оставила Балканот без вакцини.

Рама на прес-конференција рече дека француската амбасада во Албанија, која соопшти дека Рама изнесува неточни ставови за вакцинацијата, ги извадила неговите изјави од контекст и дека не ја обвинувал земјата, туку само го искажал своето мислење.

„Реков дека ЕУ не може да ни даде 10.000 дози, колку време ги нема ‘Ковакс’. Поентата е дека ЕУ не остава многу простор бидејќи луѓето знаат дека регионот е опкружен со земјите на ЕУ. Или границите на ЕУ се наши граници“, рече Рама, пренесува „Репортери“.

Advertisement