Русија и Иран е неприфатлив американскиот напад врз Сирија

 

Рускиот претседател Владимир Путин и Иранскиот претседател Хасан Рохани истакнаа дека е неприфатлив американскиот напад врз Сирија кој претставува прекршување на меѓународните норми. Според писменото соопштение на прес центарот на Кремљ, Путин и Рохани одржаа телефонски разговор на барање на Иран.

Путин и Рохани меѓудругото истакнаа дека треба да се оствари објективна и независна истрага во врска со тврдењата за хемискиот напд во сирискиот град Идлиб. Рускиот и иранскиот лидер потенцираа на потребата и значењето за решавање на судирите во Сирија по политички и дипломатски пат и продолжување цврста соработка.

На разговорот беше постигната согласност за што поскоро спроведување во дело на договорите кои беа постигнати во рамките на посетата на Рохани на Москва на 27 и 28 март. Страните изразија спремност за зајакнување на соработката против тероризмот, потребата за воспоставување стабилност на Блискиот исток како и обезбедување на безбедноста, кои претставуваа клучни елементи, беше истакнато во соопштението.

Advertisement