
Васил Стерјовски, пратеник во Собранието на Албанија и претседател на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ во Амбасада на Република Македонија во Тирана оствари работна средба со Амбасадорот, Данчо Марковски. На амбасадорот Марковски му изразив честитки за превземањето на функцијата амбасадор на Република Македонија во Република Албанија и му посакав успех во високата дипломатска должност.
На средбата се разговара за меѓусебната соработката на Албанија и Македонија и интеграцијата на двете држави во европските структури како и ги констатиравме одличните добрососедски односи. Исто така, на средбата се разговара и за положбата и правата на македонската заедница во Албанија, како и за тековните активности на единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, во правец на унапредување на положбата на македонската заедница во Албанија.
На амбасадорот Марковски му го пренесов ставот на партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), дека е посветена на добрососедската политика и го поддржува унапредувањето на соработката меѓу Албанија и Македонија за сите прашања од заеднички интерес како и унапредување на правата на македонското и другите малцинства во Албанија. МАЕИ ќе продолжи да придонесува за добрите односите меѓу Албанија и Македонија и станува мост за соработка меѓу двете нации и двете земји. – напиша на својот профил на Фејсбук претседателот на Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden