Стерјовски оствари средба со Директорот на Царинската управа, Сугарески

Директорот на Царинската управа на Република Македонија, Горан Сугарески на 26.042021 година оствари средба со Васил Стерјовски, пратеник во албанскиот Парламент од партијата Македонска алијанса за европска интеграција. Сугарески нагласи дека на состанокот се разговарало на повеќе теми за заедничка соработка со цел добрососедските односи и понатаму да продолжат со овој интензитет и меѓусебно почитување.

Васил Стерјовски е пратеникот кој го одржа првиот говор на македонски јазик во албанскиот парламент. Пратеникот од македонска алијанса за европска интеграција ова го оцени како историски настан за македонците во Албанија. Албанскиот парламент е пред распуштање поради изборите закажани на 25 април.  Стерјовски е на кандидатската листа на Социјалистичката партија во изборната единица Корча.

Advertisement