Tag Archives: Албанија

Рама: Албанија и ако стане членка на ЕУ нема да стави вето на Македонија

Албанија и ако стане членка на Европската Унија нема да го користи правото на вето против Македонија во процесот на европска интеграција, изјавил албанскиот премиер Еди Рама пред учесниците на кампот „RinCamp 2026“ во туристичкото место Јал, на кој има и млади од Македонија. Одговарајќи на прашањето на студент од Скопје, дали Албанија ќе стави вето на европскиот пат на ...

Read More »

Рама: На 14 јули ги затвораме првите три поглавја од членството во ЕУ

На 14 јули во Брисел ќе се одржи 9. Меѓувладина конференција Албанија-Европска Унија, каде што се очекува Албанија да ги затвори првите три поглавја од преговорите. Премиерот Еди Рама објави дека Албанија се подготвува за оваа важна фаза од процесот на европска интеграција, нагласувајќи дека патот кон ЕУ продолжува напред. Во објава на социјалните мрежи, Рама наведува дека состанокот ќе ...

Read More »

Две лица барани од Интерпол за убиство и повреда во Македонија, уапсени во Албанија (ВИДЕО)

Албанската полиција го објави завршувањето на меѓународната операција со кодно име „Бес“, за време на која во Драч беа уапсени двајца државјани барани од властите на Македонија. Според соопштението на државната полиција, уапсените се М.Џ., 26 години, роден во Скопје, и С.Н., 34 години, роден во Норвешка. „За овие граѓани, ИНТЕРПОЛ издаде меѓународни потерници за: убиство, повреда, нелегално поседување оружје ...

Read More »

Николоски: Железничко поврзување на Македонија со Албанија преку коридорот 8, воведување на меѓуградски возови

Министерството за транспорт работи на железничко поврзување на Македонија со Албанија, дополнително со воведување на меѓуградски возови. Заедно со Европската Унија во рамки на планот за раст интензивно работиме на документација за железничко поврзување на Скопје со Тетово и Гостивар во прва фаза. Во втора фаза и со Кичево и во трета фаза со Охрид, Струга и Република Албанија. Идејата ...

Read More »

Рама потврди дека следниот самит на НАТО ќе се одржи во Тирана

Премиерот Еди Рама на крајот од самитот на НАТО во Анкара потврди дека следниот самит ќе се одржи во Тирана. “Како велеа, самитот нема да се одржи во Албанија. Но, времето кога она што другите го сакаа се правеше со Албанија е минато, сега Албанија прави што вели и кажува што прави, па затоа следниот самит ќе биде во Тирана“, ...

Read More »

Албанија: Голем шумски пожар кај Порто Палермо

Голем шумски пожар избувна синоќа во близина на Порто Палермо. Засега нема информации за повредени лица. Веднаш по добиената пријава за пожарот кај Химара, на терен биле испратени екипи на противпожарната служба кои интервенираат за негово ставање под контрола. Причината за избувнувањето на пожарот се уште не е позната. Надлежните служби ја следат состојбата, а дополнителни информации се очекуваат во ...

Read More »

Албанија ја засилува одбраната, купи шест артилериски системи „Боран“ од Турција

Договорот за нивна набавка е потпишан со турската државна компанија MKE (Компанија за машинско индустриско производство) и предвидува испорака на шест топовски системи од 105 милиметри, како и соодветна муниција. Албанија купи шест артилериски системи „Боран“ од Турција, со што стана третата земја во светот што купува ваков систем, по Македонија и Бангладеш, објави турскиот медиум „Улу Савунма“. Договорот за ...

Read More »

Албанија: Значително намален интересот за добивање албанско државјанство во 2025 година

Минатата година забележен е значителен пад на интересот за добивање албанско државјанство, потврдуваат податоците од албанскиот Институт за статистика (ИНСТАТ). Според официјалните податоци, минатата година албанско државјанство добиле 495 лица, бројка значително помала од претходната година, кога таа изнесувала 919 лица. Од вкупниот број 306 се лица кои барале враќање на претходно откажаното државјанство, а 189 го добиле првпат. Во ...

Read More »

Редок природен феномен во Албанија: Вулкан од кал се појави кај Белш

На висорамнината Думре, во близина на Белш, се појави редок природен феномен познат како вулкан од кал. Според првичните информации, на земјоделска површина се отворил кратер од кој на површината излегле кал, вода и природен гас. По настанот, геолози и други стручни лица излегле на терен за да ја испитаат причината за појавата и да ја проценат безбедноста на околината. ...

Read More »

Обединетите нации: Албанија меѓу земјите со најголем пад на младата популација

Алармантната ситуација е наведена во неодамнешниот документ за младите од Одделот за население на Обединетите нации, во кој се наведува дека се очекува Албанија да изгуби речиси 43 отсто од возрасната група од 15 до 24 години од 2025 до 2050 година, објавија медиумите. Албанија влезе во период на сериозни демографски случувања, рангирајќи се меѓу првите четири земји во светот ...

Read More »